Во пресрет на Парадата на Победата: Проба на најголемите хеликоптери на светот-руските Ми-26 (ВИДЕО)

Пилотите имаат задача да одржуваат зададен интервал во воздушниот строј. Нема зголемување на брзината, нема забавување, строго според планот. Летот се изведува на исклучително мали висини и со екстремно мали брзини.

Денес на полигонот Алабино во Подмосковје се одржа заедничка проба на парадните чети, механизираната колона и авијацијата, јавува порталот на телевизија „Ѕвезда“. Годинава на Црвениот плоштад во Москва 37 ќе продефилираат чети пешадија. Претставници на сите видови и родови војска, студенти на воените високообразовни установи, ученици на Суворовските и Нахимовските воени школи и Јунармејци.

Во состав на механизираната колона се наоѓаат речиси 200 единици воена техника. Историски, современи и перспективни тенкови. Оклопни возила со зголемена заштита од семејството „Тајфун“. Притоа новиот „Тајфун ПВО“ за прв пат ќе учествува на Парадата.

Во составот на парадниот строј на авијацијата влегуваат 76 авиони и хеликоптери, пилотските групи за акробатски летови „Стрижи“ и „Руски витези“, екипажи на стратешки ракетоносци, авиони на военотранспортната авијација, ловци и бомбардери. На исклучително мали висини и со екстремно ниска брзина над полигонот летаа борбени хеликоптери. Во еден од нив беше и новинарот на телевизиската станица „Ѕвезда“ Игор Лапик, од каде ја следеше пробата.

Аеродром Клин. Одовде штотуку полетува предводникот на воздушната парада, борбените хеликоптери. Завршени се контролните проверки на сите системи на механизми, компоненти, склопови, се проверува работата на моторот при различни режими на работа. Хеликоптерите се наполнети со гориво и се подготвени за полетување.

„Воздушниот дел на Парадата на Победата оваа година нема да го отвори еден авион, како што беше порано, туку три најголеми на светот хеликоптери Ми-26. Имаме единствена можност да бидеме во леталата за време на пробниот лет. Низ стаклото одлично се гледа водечкиот хеликоптер, имаме чувство дека можеме да го допреме со рака. Впрочем, тој е толку голем што може да собере цел „Камаз“ или 80 војници со муниција“, известува новинарот на „Ѕвезда“.

„Пилотите имаат огромна одговорност. Во текот на летот не смееме да им го одвлекуваме вниманието, да ги запрашуваме или да ги интервјуираме. Треба да се следат инструментите, вклучително и оние што овозможуваат лет во лоши временски услови и ноќе“, продолжува репортерот.

„Пилотите добија задача да го одржуваат зададениот интервал во воздушниот строј. Строго да се придржуваат до планот, без забрзување и забавување. Летот се одвива на исклучително мала висина и при екстремно мала брзина. Во тој момент од воздухот полигонот Алабино се гледа како на дланка “, пренесува телевизискиот портал „Ѕвезда“.

Над Црвениот плоштад во Москва на Парадата на Победата ќе прелетаат вкупно 23 хеликоптери. Покрај Ми-26, ќе учествуваат и транспортно-борбени Ми-8, „Алигатори“ и „Крокодили“, како и пилотската група за акробатски летови „Беркут“ со „Ноќни ловци“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња