Кои системи за вооружување ќе ги добие руската армија во 2021 година

Повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57 во 929 Државен центар за тестирање летови на Министерството за одбрана на РФ „Чкалов“ во Ахтубинск.

Повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57 во 929 Државен центар за тестирање летови на Министерството за одбрана на РФ „Чкалов“ во Ахтубинск.

Андреј Катаев/Sputnik
Во арсеналот на Вооружените сили на РФ оваа година ќе се појават 4.700 нови примероци оружје кои доаѓаат на замена на застарените системи за вооружување.

Две третини од воениот буџет во 2021 година Русија планира да го потроши за набавка и за поправка на воената техника. До крајот на годината сите родови војска – военото воздухопловство, воената морнарица и копнените единици – ќе добијат 4.700 единици вооружување и логистички системи.

Тука ќе ги разгледаме најзначајните од нив.

Нуклеарно оружје

Интерконтинентална балистичка ракета од стратешкиот систем „Авангард“ за време на спуштањето во лансирниот силос, Оренбуршка област.

Руската армија во 2021 година ќе добие 13 интерконтинентални балистички ракетни системи РС-24 „Јарс“ и хиперсоничен „Авангард“. Овие системи ќе бидат разместени во Козељск, Јасни, Ужур, Новосибирск, Јошкар-Ола и во Оренбуршката област (1.300 километри западно од Москва).

Руската армија планира да модернизира шест лансирни ракетни силоси и да ги прилагоди за лансирање на хиперсоничните ракети „Авангард“.

Треба да се истакне дека во тековната година планирана е модернизација на системите за тестирање на интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“. 

Воена морнарица на РФ

Стратешката подморница „Кнез Владимир“ под проектот 955А „Бореј-А“ во главната подморничка база на Северната Флота, Гаџиево.

Руската флота ќе добие голем број бродови и подморници. Ќе добие конкретно две подморници од проектот 955А „Бореј-А“ со балистички ракети „Булава“ и една подморница од проектот 885М „Јасен-М“. Покрај тоа, во согласност со важечката државна програма за набавка на оружје до 2027 година планирано е армијата да добие 14 подморници од проектот „Бореј-А“ и „Јасен-М“.

Воената морнарица оваа година ќе добие и 6 бродови, 22 моторни чамци и помошни пловила. Меѓу нив ќе биде и една фрегата од проектот 22350 „Адмирал Головко“ и две корвети од проектот 20380 „Ретивиј“ и „Резкиј“. Покрај тоа, флотата би требало да добие и еден миноловец од проектот 127000 „Александрит“ кој го носи називот „Јаков Баљаев“.

Воено воздухопловство

Повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57 во 929 Државен центар за тестирање летови на Министерството за одбрана на РФ „Чкалов“ во Ахтубинск.

Оваа година Военото воздухопловство на РФ во експлоатација ќе воведе 100 авиони и хеликоптери.

Произведувачите во 2021 година ќе им испорачаат на вооружените сили четири најнови повеќенаменски ловци од петтата генерација Су-67. До крајот на 2024 година руската армија ќе има 22, а до 2028 година 76 вакви авиони.

Покрај тоа, руската армија до крајот на 2021 година ќе добие низа модернизирани бомбардери Су-34.

На вооружените сили ќе им бидат испорачани 10 транспортни хеликоптери Ми-8АМТШ-ВН, како и борбени хеликоптери Ми-28 НМ кои се применуваат во борба против терористите во Сирија од првиот ден на руската воена кампања.

Според соопштенијата на руските медиуми, oва летало има добиено нов мотор и авионика (управувачки кокпит) кој има совршен систем за откривање цели и за нишанење, како и можност за интеракција со дронови. За овој хеликоптер е направена нова ракета со дострел од 25 километри. Планирано е до 2027 година армијата да добие 98 хеликоптери Ми028НМ.

Копнени единици

Т-72Б3М

Копнените единици ќе добијат над 400 единици оклопна техника, вклучувајќи ги и најновите тенкови Т-72Б3М, Т-80БВМ и Т-90М „Прорыв“ (Пробој), борбени возила за пешадијата БМП-3 модернизирани возила пешадијата БМП-2 со борбен модул „Бережок“, како и оклопни транспортери БТР-82А.

Пешадиските полкови во Московската област ќе добијат над 200 тенкови и возила БТР и БМП, како и БМП „Терминатор“, возила за давање поддршка на тенковите (БМПТ) и на инженерските возила. Во оваа партија би требало да влезат и тенковите Т-14 „Армата“.

Покрај тоа, силите на радијациската, хемиската и биолошката заштита (РХБЗ) ќе добијат модернизирани фрлачи на ракети ТОС-1А „Солнцепјок“. Според производителот, модернизираната верзија има поголем дострел и поголема прецизност, додека цената на проектилот е пониска.

Како што се соопштува, копнените сили ќе добијат и артилериско оружје „Коалиција-СВ“ со калибар од 152 милиметри, но нивниот број засега се држи во тајност.

Единици за противвоздушна одбрана

Заштитниот ракетен систем С-400 „Триумф“ во механизираната колона на единиците на Западниот воен округ на пробата за пробата за парадата по повод 75-годишнината од Победата во Големата татковинска војна на воениот полигон во Горелово, Ленинградска област.

Руската армија во 2021 година ќе добие два полковски комплети зенитни ракетни системи С-400 „Триумф“ и 18 зенитни ракетни системи „Панцир-С“. Во Министерството за одбрана исто така се соопштува дека за оваа година е планирано завршување на тестирањето на најновиот зенитен ракетен систем С-5000 „Прометеј“ и негово воведување во арсеналот на Вооружените сили на РФ.

До крајот на годинава треба да биде завршена и изградбата на Вороњешката радарска станица со висока оперативна подготвеност во Воркути.

Анализа на набавките

Набавката на воена опрема оваа година е регулирана со долгорочна програма за снабдување на армијата која ќе трае до 2027 година. Министерството за одбрана секоја година добива 2.5 билиони рубли (околу 350 милијарди американски долари) за обновување на арсеналот.

„За време на набавката на воената техника, Русија најголемо внимание посветува на најновите средства за нуклеарно одвраќање. Нашата главна цел е да не му дозволиме на потенцијалниот непријател да ја нападне нашата земја, зашто поседувањето на ова оружје го принудува секој двапати да размисли пред да реши да ја загрози нашата земја“, вели Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.

Според него, Русија планира до средината на оваа деценија во целост да го обнови својот нуклеарен арсенал.

„Наша втора задача е да добиеме најнови и најмодерни системи за ПВО за заштита на нашата огромна територија од напад од воздух. Работата на системот С-500 „Прометеј“ се ближи кон крајот и веќе на крајот од 2021 година на маневрите ќе бидат демонстрирани првите лансери од оваа серија“, изјави тој.

Мураховски додаде дека набавката на најновите средства за нуклеарно одвраќање и високотехнолошките системи за ПВО се главната цел на Министерството за одбрана на Русија и на руската армија во оваа година и во следните години. Модернизацијата на другите системи за вооружување е исто така мошне важна, но не толку колку што се нуклеарното вооружување и средствата за ПВО.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња