Су-57 по модернизацијата ќе носи и ќе управува со група од повеќе од 10 мали беспилотни летала

Сергеј Бобилев/TASS

Рускиот борбен авион од петтата генерација Су-57 по модификацијата ќе биде во состојба да управува со група мали беспилотни летала што ќе ги носи ловецот во своите внатрешни отсеци или однадвор, изјави за новинската агенција РИА „Новости“ извор од авиоиндустријата.

Како што истакна тој, веќе е започнат развојот на опрема и специјален софтвер, се работи на штандот за тестирање на копно на системот за интеракција на дронови со ловецот-носач и меѓусебно, во реално време со помош на полуприродно моделирање.

Еден ловец Су-57 ќе може да носи во внатрешноста на трупот повеќе од десет извидувачки и јуришни дронови, како и летала за електронско војување.

Леталата, како што истакнува тој, ќе бидат поврзани со заштитени канали за врска како со системот на авионот-носач, така и меѓусебно.

Предвидено е Су-57 да исфрла група беспилотни летала, на пример, пред да влезе во зоната на дејство на непријателскиот систем за противвоздушна одбрана. Дроновите ќе ги попречуваат радарите, ќе ги преоптоваруваат информациските канали на системите како лажни цели и директно ќе напаѓаат противвоздухопловни системи како високопрецизни авијациски средства за уништување.

Засега не е познато кој вид беспилотни летала ќе користи Су-57.

Како што најави извор од одбранбено-индустрискиот комплекс, за Воздушно-космичките сили на Руската Федерација се создава повеќенаменски систем „Молња“, истакнува агенцијата. Планирано е да се заснова на мали беспилотни летала во вид на крстосувачка ракета кои ќе се лансираат во рој од авион-носач. Должината ќе им биде метар и половина, распонот на крилата ќе биде до 1,2 метри, додека предвидената брзина на ниво од 600 до 700 километри на час, а масата на боевата глава или полезниот товар околу пет до седум килограми.

Су-57, порано познат како ПАК ФА, е руски ловец од петтата генерација, наменет за уништување на сите видови на воздушни, копнени и цели на вода. Првиот лет беше извршен во 2010 година. Су-57 е високоманеварбилно летало со најнов систем на радиоелектронска опрема, тешко забележлив за радарите („стелт“ технологија).

Прочитајте повеќе: Тесно содејство: Како ловците Су-57 и ударните дронови С-70 „Охотник“ ќе го уништуваат непријателот?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња