Да заслепи и уништи: MW го нарече Су-57 „воздушен снајперист“

Сергеј Бобилев/TASS

Military Watch објасни како Су-57 ја пробивa непријателската воздушна одбрана. Ова гласило укажува дека Су-57 не е само ловец супериорен во воздух, туку е и воздушен снајперист кој е во состојба да уништува клучни копнени цели.

Терминот „воздушен снајперист“ е веројатно најмногу употребуван за ловецот F-14D Tomcat на американското Воено воздухопловство, потсетува авторот. Развиениот децении подоцна Су-57 е опремен со уште посилен радар, што му овозможува да ја рефлектира ситуацијата не само во воздухот, туку и на земјата.

Противрадарската ракета Х-58УШК со должина од околу пет метри и дострел од преку 150 километри е погодна за вршење снајперска функција. Во состојба е да ја пробие непријателската ПВО и да ги заслепи средствата на земјината контрола.

Таквите напади можат ефикасно да се дополнуваат со користење на Р-37М, наведуваната ракета од класата „воздух-воздух“ со најголем дострел на светот. Идеална е за неутрализирање на „летечките радари“ E-2 Hawkeye и E-3 Sentry.

Конструкцијата на ловецот му дава предност во однос на F-35 на единствениот ловец од петтата генерација кој денес се произведува на Запад, а кој е значително послаб, полошо вооружен и има помал долет. Големата брзина, висината на летање и незабележливоста на Су-57 исто така му овозможуваат да ја пробие непријателската одбрана и да ги напаѓа клучните цели во позадината.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња