ВИДЕО: Снимено тестирање на топот на Су-57

На Интернет се појави видео од осум секунди од испитувањето на земја на орудието ГШ-30-1 на ловецот Су-57. На снимката се гледа 30-милиметарско орудие се протега од десната страна над крилото и истрелува десет пати врз хартиена цел.

Авторот на „Национален Интерес“ Марк Епископос го анализира ова видео. Тој истакна дека авионот не е обоен и веројатно служи како клупа за тестирање на земја за ова оружје.

Останува нејасно како точно ГШ-30-1 е подобрен во однос на оригиналниот советски модел од 1980-тите. Ова орудие беше инсталирано на различни советски ловци, вклучувајќи ги Су-27 и МиГ-29. Тешкиот топ со краток од на цевката има сериозен трзај и би требало да генерира силни вибрации и бучава, што може да биде проблем за ловец како Су-57. Сепак, трзајот на топот може делумно да се намали со креативни монтажни решенија, пишува „Росијскаја газета“.

Топот може да биде полезен за Су-57 за уништување копнени цели и во текот на воздушно патролирање.

Аналитичарот потсетува дека ова орудие е само мал дел од огромниот борбен потенцијал на ловецот. Тој има дванаесет носечки точки и е компатибилен со различни ракети од класата „воздух-воздух“.

Покрај тоа, Су-57 ќе биде наоружан со хиперсонична ракета со голем дострел, која се планира да биде воведена во експлоатација во блиска иднина.

Тој во својот арсенал ја има тактичката копнена ракета Х-38 и неколку наведувани бомби од семејството КАБ. Конечно, според официјално непотврдена информација, Су-57 може да биде вооружен со модифицирана верзија на хиперсоничната ракета Х-47M2 „Кинжал“, способна да носи нуклеарно оружје.

Прочитајте повеќе: Најмоќен ловец: Су-57 има поголема огнена моќ од конкуренцијата

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња