Дотерана „копејка“ ги воодушеви бугарските читатели (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Автомобил ВАЗ-2101, кој поминал тјунинг-третман во Бугарија, предизвика активна дискусија меѓу читателите на локалните медиуми, а некои корисници се искрено воодушевени од новиот изглед на автомобилот.

Главна карактеристика на уникатниот автомобил произведен во чест на 50-годишнината од појавувањето на првиот ВАЗ-2101 е неговиот кожен салон. 

„Момците се навистина вешти - испадна ретро-автомобил со стил“, напиша еден од читателите на бугарското издание „Факти“.

Друг истакнува дека „Жигули“ беше еден од најдобрите советски автомобили.

„Испадна подобар од „Тесла“. Нека го погледне Илон и нека учи од нив“, додаде трет.

Уште еден читател предложи мајсторите да си ги надоместат трошоците така што ќе го изнајмуваат автомобилот на туристи.