Руски автомобил прооде: „Жигули“ со нозе (ВИДЕО)

Скриншот
Наместо задни тркала, моделот ВАЗ-2107 доби метални „нозе“.

Новосибирските инженери од „Гаража бр. 54“ се занимаваат со правење необични автомобили. Овој пат тие направија „ВАЗ што оди“. Во прашање е модел ВАЗ-2107 на кој наместо задни тркала монтираа сложена метална конструкција и сега „Жигули“ буквално може да чекори.

За да ги монтираат металните „нозе“ инженерите ги симнаа задните тркала и поставија цврста рамка зајакнувајќи ја на тој начин суспензијата. Потоа ја продупчија кабината од двете страни и провлекоа метални цевки за да го прицврстат механизмот. По оваа интервенција автомобилот е значително наведнат нанапред.

Механизмот работи на курбла. Таа се врти и создава потисок на лостовите кои ја движат металната конструкција, така што задниот дел на осовината на автомобилот прави движења слични на чекори.

При тестирањето се покажа дека модифицираниот „Жигули“ е крајно бавен. На асфалт можеше да се движи напред и назад, но кога се најде на чакалест терен му пукна полуосовината, не издржувајќи го отповарувањето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња