Ловците од петтата генерација Су-57 ќе носат хиперсонични ракети „Мал Кинжал“

Виталиј В. Кузмин
Според извори од рускиот военоиндустриски комплекс, перспективната ракета спаѓа во класата вооружување „воздух-земја“. Нејзината основна намена ќе биде пробивање на ПВО/ПРО зоната на непријателот, уништување лансери со оперативно-тактички аеробалистички и крстосувачки ракети, како и ПВО/ПРО-системи со голем дострел. Според своите димензии е компактна, така што нема да има никакво влијание врз високите маневарски способности на Су-57. Ќе биде сместена во ракетните отсеци во трупот на леталото.

Експерименталниот повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57 изведе неколку пробни летови со макета на новата руска хиперсонична ракета што ќе се закачува на носачите што се наоѓаат во трупот на ова летало. Ова за весникот РГ го соопшти извор од рускиот военоиндустриски комплекс. Тој рече дека макетата не содржи ракетен мотор, дека во неа нема ракетно гориво ниту експлозивно полнење, меѓутоа дека според своите размери, формата и тежината е идентична со идната ракета. Покрај тоа, овие макети се опремени со самонаведувани боеви глави и електронски компоненти, што ќе овозможи проверка на заемната функционалност на перспективниот проектил со напаѓачко-навигацискиот комплекс на авионот.

Според соговорникот на новинската агенција РИА „Новости“, перспективната ракета спаѓа во перспективната ракета спаѓа во класата вооружување „воздух-земја“. Нејзината основна намена ќе биде пробивање на ПВО/ПРО зоната на непријателот, уништување лансери со оперативно-тактички аеробалистички и крстосувачки ракети, како и ПВО/ПРО-системи со голем дострел. Според своите димензии е компактна, така што нема да има никакво влијание врз високите маневарски способности на Су-57. Ќе биде сместена во ракетните отсеци во трупот на леталото.

Во близок временски период се очекуваат и првите лансирања на оваа ракета, поточно ќе почне фазата на експериментот која ќе го следи однесувањето на ракетата и леталото при нејзиното исфрлување во услови на лет. Се напоменува дека претходно во руските медиуми се појавија информации во кои се вели дека руските конструктори работат на изработка на нова хиперсонична ракета со мали габарити која ќе биде аналог на „Кинжал“ (платформа МиГ-31К).

Потсетник

Воздухопловниот ракетен систем „Кинжал“ е способен да ги уништи сите површински бродови на потенцијалниот непријател како носачи на авиони, ракетни крстосувачи, разурнувачи итн. Боевата глава на оваа ракета е преземан од аеробалистичката ракета од класата „земја-земја“ од типот „Искандер“.  Ракетата е способна во текот на својот лет да изведува сложени маневри и со голема прецизност да погодува цели ан далечини и до 2000 километри.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња