„Рособоронекспорт“: Стратешките партнери на Москва ќе можат да го набават ловецот Су-57Э

Борбени Ефективи
„Рособоронекспорт“ е подготвен да го понуди повеќенаменскиот борбен авион од 5 генерација Су-57Э на стратешките партнери на Москва доколку се заинтересирани за негова набавка. Во овој момент со неколку азиски земји се водат интензивни преговори околу извозот и на други современи модерни апарати што ги произведува рускиот военоиндустриски комплекс, како што се леталата Су-35 од генерацијата 4++.

Руските повеќенаменски авиони-ловци од петтата генерација Су-57 ќе можат да почнат да им се испорачуваат на странските купувачи кои во потесна смисла претставуваат стратешки партнери на Руската Федерација. Под такви услови овој авион може да оди за извоз, велат од руската компанија „Рособоронекспорт“, пренесува порталот „Борбени Ефективи“.

„Рособоронекспорт“ е подготвен да им го понуди повеќенаменскиот борбен авион од 5 генерација Су-57Э на стратешките партнери на Москва доколку се заинтересирани за негова набавка“, велат од оваа руска компанија. Исто така, тие додаваат дека во моментов со неколку азиски земји се водат интензивни преговори околу извозот и на други современи модерни апарати што ги произведува рускиот военоиндустриски комплекс, како што се леталата Су-35од генерацијата 4++.

Во текстот понатаму се наведува дека извозната верзија на леталото Су-57Э ја добила соодветната документација во август 2019 година, што овозможи руската овластена компанија да започне преговори околу неговата продажба на други земји. По оваа одлука првиот човек на концернот „Ростех“ Сергеј Чемезов изјави дека Индија е една од страните која сериозно ја разгледува можноста за набавка на Су-57Э. Покрај тоа, и Турција изрази желба да го набави овој ловец, а леталото му беше претставено и на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Истовремено првиот човек на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев и вицепремиерот Јуриј Борисов истакнаа дека нема да има продажба на ловци Су-57 пред нивното воведување во вооружувањето на руската армија.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња