ПРВ ВО ИСТОРИЈАТА: „Армата“ самостојно пронајде, распозна и зафати цел без учество на екипажот

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
Системот за управување со огнот на основниот борбен тенк Т-14 „Армата“ првпат во историјата откако се произведуваат тенковите изврши сет тестирања на кои без учество на тенковски екипаж е реализиран комплетен процес на пронаоѓање, идентификација и зафаќање на цел. Исклучително важен сегмент на оваа иновација претставуваат елементите на вештачка интелигенција кои располагаат со огромна база на податоци за потенцијалните цели кои можат да се појават на боиштето.

Системот за управување со огнот (СУО) на основниот борбен тенк од новата генерација Т-14 „Армата“ има компјутеризиран каталог на разни видови цели што можат да се појават на фронтот - од тенкови, борбени возила на пешадијата, па сè до јуришни хеликоптери итн. Елементите на вештачката интелигенција во координација со компјутерските процесори со голема брзина кои се интегрален дел на СУО овозможуваат „Армата“ самостојно (без присуство на екипажот) да бара цели во сложено опкружување, да изврши нивно препознавање, селекција врз основа на приоритетите , нивно зафаќање и следење“, изјави неименуван извор за рускиот веб-портал РИА „Новости“.

Притоа тој потсети дека извршната функција (пукање) ја само еден човек, поточно командирот на тенкот. Кај другите модели на оклопна борбена техника, вклучувајќи ги и странските тенкови, постои можност за автоматско следење на зафатените цели, додека тенковскиот екипаж мора да го одработи останатото.

Една од етапите при тестирање на системот за управување со огнот што е интегриран кај тенкот беше реализирана на изложбениот штанд, каде со помош на математички модели и макети кои приближно одговараат на нивниот природен изглед беше проверена неговата ефикасност. СУО мораше да ја одработи целата операција самостојно врз основа на фотоконтрастни слики и матрици-имитатори кои го симулираа топлинското зрачење на потенцијалните цели.

„Исто така, овие тестирања беа реализирани и на полигон, каде што „цели“ за автономниот систем за управување со огнот на тенкот „Армата“ беа модели на руска оклопна техника. Резултатите од овие тестирања ја потврдија високата ефикасност на СУО кои одговараа на неговите декларирани тактичко-технички карактеристики“, изјави неименуваниот извор.

Тој прецизираше дека за техничката операција на пронаоѓање и зафаќање на целта Т-14 користи комбиниран нишан што работи во стандаредн и термовизиски режим на работа.  

Од информативната служба на концернот „Уралвагонзавод“ (дел од државната корпорација „Ростех“) за РИА „Новости“ ги потврдија наводите дека системот за управуавње со огнот (СУО), кој ќе биде интегрален дел од основниот борбен тенк Т-14 „Армата“, ќе работи во автоматски режим. Тие мошне штуро потврдија дека СУО на „Армата“ ќе може самостојно да открие и зафати цел, без дополнителни објаснувања.

Основниот борбен тенк Т-14 „Армата“ практично по сите карактеристики ги надминува сите тенкови што сериски се произведуваат во Русија, но и во странство. Неговата главна борбена карактеристика е навистина високиот степен на заштита кој се состои од пасивна и активна оклопна заштита, која според квалитетот нема моментално пандан во светот, потоа одличната подвижност и проодност, како и големата огнена моќ.

Основното вооружување на тенкот е новата генерација тенковски топ со калибар од 125 мм, со перспективна муниција и дигитализиран систем за управување со огнот. Сите „работни“ места каде што се наоѓаат членовите на екипажот се покриени со видеокамери и друга сензорика. Исто така, при неговата изработка е употребена технологија за редукција на термичката и радарската рефлексија на тенкот, со што се добија високи „стелт“ карактеристики на тенкот.

Главната намена на овој тенк е зголемување на ударната моќ на оклопно-механизираните единици на руската војска, борба против тешки оклопни непријателски цели, негови фортификациски елементи во склоп на фронтот и утврдена жива сила.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња