Групата компании „Калашниковˮ (дел од државната корпорација „Ростехˮ) првпат ќе одржи презентација во странство на најновата автоматска пишка АК-19 со калибар 5,56 милиметри. Ова во понеделникот, 15 февруари, на новинарите им го соопшти прес-службата на „Калашников“.
„Светската премиера на АК-19 ќе се одржи на најголемиот саем на оружје на Блискиот Исток IDEX 2021, кој ќе се одржи од 21 до 25 февруари во престолнината на Обединетите Арапски Емирати Абу Даби“, објави прес-службата.
Како што се наведува, пушката АК-19 веќе го привлекла вниманието на купувачи од земјите на Блискиот Исток кои ги користат куршумите со калибар 5,56х45 како стандардна муниција. „Во услови на топла и влажна клима и прашина АК-19 обезбедува ефикасна примена дење и ноќе, како и сигурност на функционирањето со едноставно одржување“, истакнуваат од „Калашников“.
„АК-19 користи куршуми со калибар 5,56х45 милиметри, кои се примени во вооружувањето на НАТО и се широко застапени во светот. Така што нашата најнова автоматска пушка е во целост наменета за странскиот пазар. Претставувајќи го АК-19 на големиот меѓународен саем на оружје IDEX, сигурни сме дека ќе го привлечеме интересот на странските купувачи, од кои веќе пристигнуваат првите нарачки“, изјави генералниот директор на групата Дмитриј Тарасов, а објави прес-службата.
Автоматската пушка АК-19 е направена врз основа на моделот АК-12, кој во 2018 година беше примен во вооружувањето на руската војска. Новиот модел има „Пикатини“ шини, телескопски кундак со оригинална конструкција, нов диоптриски нишан, како и придушувач на звукот и блесокот кој лесно и брзо се поставува и отстранува.
Автоматската пушка АК-19 првпат беше претставена на Меѓународниот военотехнички форум „Армија-2020ˮ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче