Завршено тестирањето на ракета „воздух-воздух“ со голем дострел

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Русија заврши државното тестирање на перспективната ракета „воздух-воздух“ со голем дострел РВВ-БД која се прави за извоз. Таа е предвидена за уништување воздушни цели од сите видови во секое доба на денот и ноќта.

Како што соопштува агенцијата ТАСС, РВВ-БД дејствува според принципот „пукај и заборави“. Максималниот дострел на ракетата е 200 километри, а боевата глава е тешка 60 килограми.

Тестирањето на ракетата за извоз е извршено во 2020 година. Конструкторската документација со овој производ ја доби сериската ознака „О1“ и сега може да почне сериското производство.

Моделот РВВ-БД е направен врз база на ракетата Р-37 со голем дострел што ја користи Военото воздухопловство на Русија и со која се наоружани ловците-пресретнувачи МиГ-31БМ. Минатата година модификацијата на ракетата Р-37М беше интегрирана во системот на вооружување на ловецот од петтата генерација Су-57, а беа извршени и пробни лансирања на ракетата од авион Су-35С.