Актуелно: За „невидливиот“ ловец Су-57 се развива гама ракети со намалени габарити

Сергеј Бобилев/TASS
Основната карактеристика на авионот-ловец Су-57 која мора да го задоволи стандардот за мала радарска рефлексивност дополнително ја усложни работата на развојните конструктори кои го развиваат вооружувањето за ова летало. Тоа вооружување мора да има исти, ако не и подобри перформанси од сегашните ракети, додека истовремено нивниот облик не смее да ја наруши „стелтноста“ на авионот. Овие ракети ќе се закачуваат на посебни носачи кои ќе се наоѓаат во внатрешноста на трупот на леталото.

„Моделите  на ракети кои би се закачувале на надворешните носачи на леталото не се проблематични кога се зборува за тактичко-техничките перформанси на ракетите. Меѓутоа, проблем ќе биде задржувањето на тие карактеристики за ракетите кои мораат да се постават на носачите во внатрешноста на трупот на авионот. Оваа ракета во однос на стандардните проектили мора да биде доста помала, со склопливи крилни и опашкини површини. Досега руската воена индустрија работеше на ракетно вооружување за стратешка намена кое се лансираше од внатрешноста на трупот (крстосувачките ракети со голем дострел Х-101/Х02 што ги носат стратешките бомбардери Т-95МС и Ту-160 – заб. на прев.). Меѓутоа, развојот на тактички ракети со високи брзински и маневарски карактеристики, кои ќе се сместуваат во внатрешните отсеци на борбените летала е нешто сосем ново“, истакнува првиот човек на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ а пренесува веб-порталот РГ.

Оваа корпорација е еден од водечките сегменти на руската воена индустрија кој е специјализиран за производство на воздухопловни убојни средства од класата „воздух-воздух“ и „воздух-земја“, вклучувајќи и специјализирани верзии на ракети кои се наменети за борба против површински бродови и непријателски радарски капацитети.  

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

Посебно внимание од страна на руските воени конструктори е насочено кон изградба на напредно ракетно вооружување од класата „воздух-воздух“ кое на ова летало ќе му обезбеди остварување на доминација во воздушниот простор. Тоа пред сé се однесува на развојот на супераманеврирачки ракети со краток и среден дострел (Р-73/РВВ МД и  К-77М/РВВ АЕ), но и на ракети со голем дострел за напад на цели на далечини поголеми од 300 км, како што е Р-37М. Покрај реконфигурацијата на нивните габарити и дизајнот, посебно внимание е посветено на развојот на нова генерација ултраотпорни (на средства за противелектронска борба – заб. на прев.) самонаведувани боеви глави со висока чувствителност.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња