Кој дел на Русија ќе го чуваат првите оперативни ловци од петтата генерација Су-57?

Скриншот
Во руските медиуми се појави вест во која се открива каде ќе бидат распоредени првите оперативни повеќенаменски борбени авиони од петтата генерација Су-57. Во план е воздухопловниот завод КнААЗ оваа година да испорача пет сериски произведени апарати кои го претставуваат бисерот на руската воздухопловна индустрија.

Првиот контингент сериски произведени ловци од петтата генерација Су-57 ќе влезе во составот на еден од ловечко-пресретнувачките полкови во рамките на Јужниот воен округ (ЈВО), соопшти управата на Хабаровскиот регион.

„Пет повеќенаменски ловци од петтата генерација Су-57, кои се комплетираат во воздухопловниот завод (КнаААЗ) во Космомолск на Амур, ќе бидат проследени до единиците на руската армија во текот на оваа година. Првиот авион веќе стана дел од воздухопловниот полк што се наоѓа во состав на Јужниот воен округ“, се вели во соопштението што го пренесува веб-порталот РИА „Новости“.

Неофицијално, за испорака на првите сериски произведени апарати се зборуваше во декември минатата година, кога на наводи на неименувани извори на рускиот воздухопловен комплекс се повикуваше новинската агенција РИА „Новости“.

Каде точно каде ќе бидат стационирани овие ловци и во која конкретно единица, засега не е познато. Пред да влезат во оперативна употреба тие ќе мора да ги поминат задолжителните завршни тестирања, поточно да поминат низ „шпалир“ од искусни тест-пилоти од Државниот летечко-технички центар во Ахтубинск (Астраханска област).

Според информациите на руското Министерство за наука, до крајот на 2024 година Руските воздушно-космички сили (ВКС) ќе стават во оперативна употреба 22 ловци од овој тип (две комплетирани ескадрили), додека до крајот на 2028 година тој број ќе се зголеми на вкупно 76 летала.

Покрај тоа, 10 авиони од овој тип веќе се во пробна експлоатација. По фазата на нивно интензивно тестирање се очекува нивно воведување во вооружувањето.

На лично барање на рускиот претседател Владимир Путин дојде до потпишување на договорот за производство на повеќенаменскиот борбен авион од петтата генерација Су-57. Договорот беше парафиран на Меѓународниот воено-технички саем „Армија-2018“. Според зборовите на генералниот директор на воздухопловната компанија КнаААЗ Александар Пекарш, во капацитетите за производство според планот се поставуваат монтажни линии со дополнителни системи за составување на овие авиони кои се специјално направени за производство на ловци од петта генерација.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

Треба да се додаде и дека посебно внимание на руските воени конструктори е насочено кон изградбата на напредно ракетно вооружување од класата „воздух-воздух“ кое ќе му обезбеди на ова летало остварување доминација во воздушниот простор. Тоа пред сé се однесува на развојот на супераманеварбилните ракети со краток и среден дострел (Р-73/РВВ МД и  К-77М/РВВ АЕ), но и на ракетите со голем дострел за напад на цели на далечини над 300 км, како што е Р-37М. Покрај реконфигурацијата на нивните габарити и дизајн, особено внимание му е посветено на развојот на нова генерација ултраотпорни (на средства за противелектронска борба – заб. на прев.) самонаведувачки боеви глави со висока сензибилност.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња