Од „Црна ајкула“ до „Алигатор“: Трите најдобри руски хеликоптери „Камов“

Ка-52

Ка-52

Александар Рјумин/TASS
Во руското конструкторско биро „Камов“ се создадени голем број цивилни и воени хеликоптери, но најпознати се сигурно „Црна ајкула“, „Алигатор“ и „убиецот на подморници“ Ка-27.

1. Ка-50 „Црна ајкула“ 

Дизајниран на почетокот на 80-тите години, Ка-50 припаѓаше на новата генерација офанзивни хеликоптери. Во случај на голема војна во Европа, задачата на „ајкулата“ беше да ги уништи копнените сили на НАТО, вклучувајќи ги оклопната техника и единиците за ПВО.

Ка-50 е хеликоптер со коаксијална конфигурација на двата ротора (се вртат во различни правци еден над друг, нема ротор на опашката). Тоа е истовремено и првиот хеликоптер во светот кој има седиште што се исфрлува за спасување на пилотот. „Црната ајкула“ беше користена во текот на Втората чеченска војна на почетокот на 2001. Според извештаите на медиумите, Ка-50 ги изненадил пилотите на Ми-24 во текот на нивните заеднички мисии, затоа што, благодарение на исклучителните маневарски способности, не можеле лесно да ја утврдат позицијата на „ајкулите“.

„Ајкула“ или „Врколакот“ според НАТО-кодификацијата е дизајниран како едносед. На почетокот се чинеше дека тоа е одлично решение. Хеликоптерот беше полесен и се штедеа пари за обука на пилотите, затоа што обуката на екипаж на јуришен хеликоптер чини едвај нешто помалку од самиот хеликоптер.

Но, војната во Чеченија покажа дека дизајнерите погрешиле: само најдобрите пилоти можеа да маневрираат и да отворат оган во исто време. До 2009 година беа произведени 17 хеликоптери, а потоа војската се одлучи за надградената верзијата, односно за „Алигаторот“.

2. Ка-52 „Алигатор“ 

„Алигаторот“ во воздухот го прави она што другите хеликоптери во својата класа не можат ни да си го замислат, на пример, лета со опашката напред или прави „инка“ - лета околу една точка на нишанење со константно насоченото оружје во носниот дел на трупот. Летачките фигури од највисокото хеликоптерско пилотирање се можни благодарение на уникатната конструкција на „Алигаторот“. Хеликоптерот исто така е направен според коаксијална шема, па затоа има поголема маневарска способност, побезбеден е и полесен за управување.

Составен дел од вооружувањето на хеликоптерот Ка-52 е комплексот со наведувано „Вихр-М“. Овој хеликоптер може да носи до 12 суперсонични ласерски наведувани ракети 9M127-1 „Вихр-1“, кои се специјално проектирани за борба против современите тенкови.

Палубната верзија на хеликоптерот Ка-52 која се користи во сириската операција е Ка-52К „Катран“.

3. Ка-27

Тоа е најуспешниот палубен хеликоптер настанат во Советскиот Сојуз. Неговата главна задача беше да ги заштити носачите на авиони од непријателските подморници. Ка-27 открива подморници на длабочина до 500 метри во сите временски услови. Хеликоптерите Ка-27 обично работат во парови: едно летало ја пронаоѓа подморницата, а другиот ја испраќа на морското дно.

Хеликоптерот има повеќе верзии - од ловец на подморници (Ка-27ПЛ) до хеликоптер за контрола на радијација (Ка-27Е), а се користи и во спасувачки операции.

Направен е во 70-тите години е денес е незаменлив во руската воена морнарица, како и во војската на Индија, Кина, Јужна Кореја, Лаос и Виетнам. Цивилни Ка-27 користат Швајцарија, Португалија, Јапонија и Канада.

Погледнете ги фотографиите: „Црни ајкули“ и други руски хеликоптери во борба

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња