Русија втора земја на светот според бројот на борбени хеликоптери (ФОТО)

Јавен домен
Според податоците од извештајот World Air Forces 2021, објавени од познатиот британски магазин „Флајт Интернешенл“ (Flight International), Русија поседува 8% од светската флота на воени авиони.

Според податоците од наведениот извештај, руската војска е вооружена со втората по големина флота на борбени авиони на светот – 4143 летала кои претставуваат 8% од светските воздухопловни сили, пренесува рускиот медиум New Defence Order. Strategy.

Според истиот медиум, Русија има 1548 борбени хеликоптери.

Истовремено две руски летала се најдоа во Топ-10 најчесто користени хеликоптери на светско ниво. На второто место во оваа класификација се најде хеликоптерот Ми-8/17, апарат кој од 1962 година ја докажа својата сила во безбројни задачи за спасување или транспорт и кој се користи во повеќе од сто земји.

Ми-8МТВ-5

Особено тежок тест за овој хеликоптер беше војната во Авганистан. Токму овие летала во тешки временски услови овозможуваа истоварување на планински терен, изведување акции за потрага и спасување, патролирање, детекција и евакуација на ранети.

Сили на 5 воздушен полк на 350 воздухопловна бригада се истоваруваат од хеликоптер Ми-8 и брзо ја обезбедуваат зоната на истоварување.

Вториот руски хеликоптер на пописот на десетте фаворити во светските воздухопловни сили е Ми-24/35 (наречен „летечки тенк), со 926 летала кои се користат ширум светот, односно 5% од светските воени хеликоптери. На листата се најде на петтото место.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња