Првиот советски хеликоптер кој влезе во сериско производство, М1-1, набргу потоа беше модификуван за да може да настапува како воено средство. Кон крајот на педесеттите години од минатиот век направен е лесниот офанзивен хеликоптер Ми-1МУ, а беше опремен или со ненаведувачко ракетно зрно или со митралези. Ми-1 е користен во борбите во Кина помеѓу комунистичките сили на Мао и војската на Ченг Кај Шек. Исто така го имаат користено и Египќаните и Сиријците во борбите против израелската војска.
Кон крајот на педесеттите години од минатиот век Ми-6 првобитно беше дизајниран како хеликоптер за транспорт на трупи. Тогаш има остварено неколку рекорди во контекст на масата на товарот на определени висини. Некои хеликоптери Ми-6 беа опремени со митралез со калибар од 12.7 милиметри. Во текот на Шестдневната војна од 1967 година, Египет изгуби 10 хеликоптери Ми-6 од дејствието на Израелците, и тоа додека беа паркирани на земја. Во текот на судирите во Авганистан во осумдесеттите години од минатиот век, Ми-6 главно учествуваа во транспортот на муниција. Близу 30 вакви хеликоптери беа изгубени.
Ми-8 е правен како воено-логистичко летало, а има учествувано во бројни воени судири во изминативе 50 години, особено на Блискиот Исток. Врвот на овој хеликоптер настапи во текот на судирот во Авганистан во осумдесеттите години од минатиот век. Ми-8 има учествувано во сите судири на територијата на поранешниот Советски Сојуз во текот на деведесеттите години од минатиот век и подоцна.
Ми-24 беше првиот вистински воен советски хеликоптер, а се смета дека има учествувано во триесеттина локални воени судири. Ова е еден од офанзивните хеликоптери кои исто така можат да се користат и за транспорт на единици и за десантни операции, а го користат војските на 45 земји. Стана добро познат во текот на војната во Авганистан кога го доби прекарот „крокодил“ поради својата карактеристична силуета. Над 120 хеликоптери од типот Ми-24 беа изгубени во текот на војната во Авганистан. За време на судирите во Либан во 1982 година, сириски Ми-24 успеа да собори израелски Ф-4. Десет години подоцна „крокодилот“ успеа да уништи грузиски офанзивен авион Су-25 за време на војната во Абхазија.
Камов Ка-50 „Црна ајкула“ е офанзивен хеликоптер-едносед со коаксијална конфигурација на два ротори, што дава моќно летало. Тоа е воено и првиот хеликоптер во светот кој има исфрлувачко седиште за спасување на пилотот. Се произведуваше до 2009 година и тоа не повеќе од 20 парчиња, зашто војската се реши за унапредување на варијантата Ка-50 – Ка-52 „Алигатор“. „Црна ајкула“ користен за време на Втората чеченска војна на почетокот од 2001 година. Според извештаите на медиумите, Ка-50 го изненадил пилотите на Ми-24 во текот на нивните заеднички мисии зашто не можеле лесно да ја утврдат положба на „црните ајкули“ за време на борбата, благодарение на исклучителните маневарски способности на Камов.
Најновиот руски офанзивен хеликоптер кој го произведува конструкторското биро Мил е Ми-28Н „Ноќен ловец“. Тоа е двосед кој е подготвен за дејствија во сите климатски услови, дење и ноќе. Во 2016 година се упатени во Сирија, а за време на битката за Палмира таа година неколку хеликоптери Ми-28Н им даваа поддршка на сириските единици кои учествуваа во ослободувањето на градот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче