Во 2021 година хиперсоничната ракета „Циркон“ ќе ги помине државните тестирања. Лансирањата ќе се вршат прво од фрегатата „Адмирал Горшков“, а потоа од подморницата „Северодвинск“, пишува „Росијскаја газета“.
Екипажот на бродот на Северната флота ќе изврши четири лансирања на „Циркони“ во првата половина на следната година, соопштува ТАСС. Детали за државните тестирања на ракетата раскажа за агенцијата извор во одбранбено-индустрискиот комплекс. Во првата половина на 2021 година лансирањата треба да бидат извршени од „Адмирал Горшков“, а во втората половина ќе започнат летечко-конструкторските тестирања на „Циркон“ од нуклеарната подморница „Северодвинск“. Се планира лансирање на најмалку три ракети во подморницата на Северната флота. Вкупно ќе се извршат околу седум лансирања на „Циркон“.
Оваа година од фрегатата „Адмирал Горшков“ беа истрелани три ракети: две врз морски цели, една врз брегот на полигонот Чижа во Архангелската област. Сите лансирања беа прогласени за успешни.
Хиперсоничната ракета „Циркон“ може да достигне брзина од 9 Маха. Способна е да погодува површински и копнени цели на растојание поголемо од 1000 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче