Воен експерт објасни зошто турскиот С-400 ќе остане неодгатлива загатка за САД

Виталиј В. Кузмин
Напорите на американските експерти да ја откријат тајната на руските противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф“ нема да бидат овенчани со успех, изјави воениот експерт Алексеј Леонков.

Приказната со продажбата на системите С-400 од Русија на Турција предизвика голема врева на Западот. Всушност, Анкара направи чекор без преседан со купувањето воена опрема од земја што не е членка на НАТО. За САД потегот на таков сојузник беше силна шлаканица во лице, а Вашингтон дури и го замрзна договорот за предавање на турското Воено воздухопловство серија ловци F-35 од петтата генерација, пишува сајтот ruinfonews.ru.

Анкара, и покрај парите префрлени на САД, сè уште ги нема добиено авионите. Сепак, Американците „го сменија гневот со милост“ избирајќи поинакво однесување во дијалогот со турското раководство. Сфаќајќи дека тактиката на закани не дава резултат, тие почнаа да се договараат. Вашингтон изрази подготвеност да ги купи испорачаните од Русија С-400. Така, САД решија со еден куршум да убијат два зајака: да го лишат партнерот од Алијансата од неконтролираното вооружување да ја разберат тајната на рускиот „Триумф“.

Алексеј Леонков, воен експерт на магазинот „Арсенал Отечества“, во интервју за ТВ „Ѕвезда“ изјави увереност дека плановите на САД нема да се остварат и дека С-400 ќе остане за нив неодгатлива загатка.  Својата увереност тој ја објаснува со фактот дека руските инженери инсталираат посебна заштита на опремата за извоз, што спречува пробивање од страна на странски специјални служби.

„Обидот да се пробие доведува до оштетување на уредот. Тоа нема да се случи ако не биде хакирано, тоа е карактеристичен знак“, потенцира експертот.

Како дополнение на фактот дека неовластеното хакирање доведува до престанок на функционирањето на „Триумф“, неговиот сопственик ја губи можноста да смета на гарантното сервисирање. Со други зборови, обидите на Американците да дојдат до вистината ќе го претворат турскиот С-400 во нефункционален куп метал, заклучува Леонков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња