Производството на американскиот ловец F-35 под знак прашалник поради руските С-400

Алексеј Иванов/ТВ „Ѕвезда“/Global Look Press

Сериското производство на американски ловци од петтата генерација F-35 LightningII е под знак прашалник поради проблемите со испораката на деловите од Турција, која по набавката на руските противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф” е исклучена од програмата за производство на овие авиони, објави порталот BreakingDefense.

Според информациите на порталот, кој се повикува на извештај подготвен за владата на САД, иако производителот на ловецот, американската компанија „Локид Мартин“, нашла нови снабдувачи за 1005 делови на авионот кои претходно ги испорачуваше Турција, уште 15 делови сé уште не ги произведува во потребната количина.

Во ноември DefenseNews објави дека интересот на земјите од Персискиот залив за С-400 „Триумф” ги натерал САД да го забават процесот на продажба на F-35 LightningII на државите од овој регион. Порталот тогаш соопшти дека треба да се пронајдат производители уште за само 12 од вкупните 1000 делови кои се произведуваат во Турција.

Турција е еден од партнерите на Америка во производството на ловецот F-35 LightningII. Откако Анкара набави од Москва С-400 „Триумф” Вашингтон ја исклучи од оваа програма поради опасност од кражба на технологијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња