Може ли Турција да ги сврти системите за ПВО С-400 против самата Русија?

Кирил Калиников/Sputnik
„Пакетот“ од Москва со системот за противвоздушна одбрана С-400 би можел потенцијално да го затвори турското небо од сите непријателски ловци и бомбардери, и да направи границите на еден член на НАТО да бидат непристапни. Дали Русија доброволно го предава своето моќно оружје во погрешно време (со оглед на ескалацијата во Сирија)?

Турција станува една од првите странски држави партнери на Русија која го добива главното руско оружје – системот за противвоздушна одбрана С-400 Триумф.

Анкара за 2.5 милијарди американски долари купи две батерии од овие системи. Прашањето сега е дали руското оружје може да се сврти против самата Русија.

Дали турските системи С-400 ќе соборуваат руски авиони во случај на меѓусебен судир?

Руските експерти не се едногласни во врска со ова прашање.

Главниот уредник на списанието „Арсенал Отечества“ Виктор Мураховски смета дека „хипотетички таквата можност постои“ зашто Русија ѝ предава на Турција не само ракети, ами и дело од технологијата за С-400.

Но, според мислењето на воениот аналитичар на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин, ваквиот развој на настаните е невозможен.

„Трети земји не добиваат електронски кодови за нашето оружје. Доколку на Турција ѝ го предадеме целиот производен циклус, тогаш таквата ситуација би била можна. Но, според договорот помеѓу Москва и Анкара техничкото одржување на С-400 ќе го вршиме ние“, нагласува Литовкин.

Тој појасни дека е клучно прашањето за пристап кон системот за идентификација на воздушните цели „свој-туѓ“, а Русија не се согласи да ѝ овозможи на Турција пристап до електрониката на системот С-400 „Триумф“.

„Не е првпат Русија да испорачува високопрецизно оружје на земјите од НАТО кое во хипотетички судир би можело да биде насочено против нас. Слични прашања се појавија во 1996 година кога Москва на Грција ѝ продаде системи за противвоздушна одбрана од претходната генерација С-300, кои ефикасно ги соборуваа сите ловци и бомбардери од тоа време“, додава воениот аналитичар.

Така, според него, системите С-400 во Анкара нема да разликуваат руски и турски авиони, освен ако турските хакери не најдат начин за хакирање на руската електроника и промена на шифрата на системот „свој-туѓ“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња