На Турција испорачани преку 120 ракети со долг дострел за ПВО-системот С-400

Скриншот, Youtube на Министерството за одбрана на РФ
Русија, во склоп на испораката на ракетниот полк С-400 „Триумф“ на турските вооружени сили, испрати и контингент со повеќе од 120 ракети со долг дострел кои се дел овој систем.

Русија заедно со полковскиот комплет противвоздухопловен ракетен систем С-400 „Тријумф“ ѝ испорача на Турција и 120 ракети за овој систем. Ова за руската агенција ТАСС го соопшти воено-дипломатски извор.

„Турција доби два дивизиона С-400 со повеќе од 120 противвоздухопловни, како и помошна опрема, резервни делови и алатки“, рече соговорник на рускиот медиум. Според изворот, предавањето на технологијата на турската страна, дури и делумно, не е предвидено со условите на договорот.

Соговорникот додаде дека на почетокот на декември 2019 година во Анкара турските и руските претставници потпишале документ со кој се регулираат условите за примопредавање на полковскиот комплет составен од овие системи. Тој прецизираше дека со потпишувањето на овој документ почнала да дејствува клаузулата што го регулира гарантниот период од 20 месеци, во која руската страна е должна на свој трошок да ги отстрани сите евентуални технички недостатоци што би се појавиле на купените системи.

Од „Рособоронекспорт“ не ги коментираа наводите на воено-дипломатскиот извор кој ги пренесе овие информации.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км. Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.


При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња