Импресивни кадри: МиГ-29К, рускиот ловец наменет за служба на носач на авиони (ВИДЕО)

Наука и технологија
НИКИТА ПЕТРОВ
Од сите авиони од поранешниот „советски блок“, МиГ-29 е веројатно најпознатиот. Неговата морнаричка верзија е подеднакво импресивна.

МиГ-29 е развиен кон крајот на 1970-тите како одговор на советската воено-авијациска индустрија на појавата на американските авиони F-15 i F-16.

Морнаричката верзија се вика МиГ-29К и има крила на преклопување со поголема површина заради заштеда на простор на палубата и во товарниот простор на носачот на авиони. МиГ-29К е опремен со кука за прицврстување, зајакната со стоен трап и моќни мотори „Климов“ Р-33К, а способен и за дополна на гориво во лет.

Вооружувањето на авионот МиГ-29К сведочи за опсегот на неговите мисии. Покрај конвенционално вооружување во вид на бомби со слободен пад, може да користи и ласерски наведувани бомби КАБ-500Л, тактички ласерски наведувани ракети (Х-25МЛ и Х-29Л), оптички наведувани бомби (КАБ-500КР) и топлински наведувани тактички ракети (Х-29Т). МиГ-29 е првпат целосно способен за супресија на непријателската противвоздушна одбрана (СЕАД) со користење на противрадарски ракети Х-25МП или Х-31П, кои ги контролираат напредниот радарски систем Л-150 „Пастел“ и системот за радиоелектронска борба „Гарденија“. Неговата способност „воздух-воздух“ е значително подобрена, така што може да користи четири наведувани ракети Р-27Р/РЕ (наместо само две). Може да носи и до осум ракети „Вимпел“ Р-77 и до шест ракети „Вимпел“ Р-73.

Треба да се напомене дека овој авион е главен палубен ловец на Воената морнарица на Индија, која 2016 година набави 45 вакви авиони.