„Смртоносен лет на големи височини“: Американските медиуми за предностите на рускиот МиГ-31

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Откако е создаден, на почетокот на осумдесеттите години па сé до ден-денес, МиГ-31 беше и остана најбрзиот авион во состав на советското, а сега и на руското Воено воздухопловство. Имајќи ја предвид таа карактеристика, како и можноста за летање на супервисочини под полно вооружување, потполно е јасно зошто токму овој пресретнувач е првиот што е опремен со суперсонични ракети „Кинжал“, пишува американски „Национален Интерес“ (The National Interest).

„Национален Интерес“ им напоменува на читателите дека ескадрила МиГ-31 со ракети „Кинжал“ веќе се наоѓа на борбено дежурство на југот на Русија, а во планот на Министерството за одбрана на РФ е опремување на овие пресретнување и со противсателитско вооружување. „Изборот во корист на МиГ-овите е очигледен, за нив летовите во блиската вселена, од каде Земјата попримува заоблени контури, а небото повеќе не е сино, туку црно, се сосем обично нешто“.  

Авторот на текстот е посебно импресиониран од неодамна објавените снимки од вежбите за пресретнување на нарушителите на државната граница. Два МиГ-31БМ полетаа кога е примен соодветен сигнал од силите на ПВО, целта беше откриена и успешно погодена на оддалеченост од 150 километри. Тоа е стандарден маневар за вежби со ловци, со исклучок на еден важен детаљ, а тоа е дека вежбите се одвиваа во стратосферата, а МиГ31-БМ леташе со суперсонична брзина, се наведува во текстот.

„Но, најважното допрва претстои. Врз основа на овој извонреден пресретнувач се развива МиГ-41 кој треба да го надмине својот претходник како по брзина, така и по висина на летот“.

Прочитајте повеќе: Експерти од САД: Рускиот ловец-пресретнувач од 6 генерација ПАК ДП ќе ги промени правилата на игра?