„Национален Интерес“ го вбројува рускиот Су-35 меѓу најдобрите современи ловци

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Рускиот ловец Су-35 уште долго време ќе биде баран на светскиот пазар иако на небото се појавија ловци од петтата генерација како F-22 Raptor и Су-57, смета авторот на магазинот „Национален Интерес“ (The National Interest) Марк Епископос.

Долгиот век на овој авион, кој припаѓа на генерацијата 4++, го гарантираат неговата универзалност и носивоста, како и исклучителните летечко-технички карактеристики.

Воениот аналитичар истакнува дека Су-35 поседува широк арсенал и дека неговото вооружување се монтира на 12 точки со надворешно потпирање.

За разлика од другите ловци, Су-35 може не само да води воздушна битка, туку и ефикасно да врши напади врз копнени и поморски цели со помош на наведувани авиобомби, најнови противбродски ракети и ракети од класата „земја-земја“. Како јуришен авион Су-35 веќе се покажа во Сирија, истакнува експертот.

„Земајќи ги предвид импресивните карактеристики на авионот, неговата економска ефикасност и универзалноста, малку веројатно е дека Москва ќе се откаже од Су-35, дури и ако во наредните децении во состав на вооружувањето стапат повеќе десетици Су-57 од сериско производство“, се наведува во текстот.