Кога руските ракетни сили за стратешка намена ќе бидат опремени со системи „Јарс“?

Виталий В. Кузмин/www.vitalykuzmin.net
Ракетните сили за стратешка намена (РВСН) на Русија ќе преминат целосно на системи „Јарс“ во рок од три години.

Ова го изјави генералниот конструктор на Московскиот институт за топлинско инженерство (МИТ), академик на Руската академија на науки Јуриј Соломонов.

„Мислам дека сè оди кон тоа за три години, до 2024 година, да се премине на целосно обновување на старата група со нови ракетни системи „Јарс“, го цитираше „Росијскаја газета“.

Во моментов, според достапните информации, мобилните верзии на новиот комплекс се во состав на вооружувањето на шест ракетни дивизии. Во септември оваа година,  според руското Министерство за одбрана, комплекси „Јарс“ влегоа во состав на вооружувањето на Иркутската дивизија на РСВН. Продолжува и испораката на ракети во лансирните силоси. Кон средината на октомври, се дозна и за полнењето на два „Јарса“ во Калушката област.

РВСН во моментов користат осум типови ракетни комплекси, од кои пет се со стационарно силосно базирање: „Воевода“, „Стилет“, „Топол-М“, „Јарс“ и „Авангард“. Во мобилната група, покрај „Јарс“, има и мобилни комплекси „Топол“ и „Топол-М“. Во иднина сите ракетни единици постепено ќе бидат опремени со новите комплекси „Јарс“, „Авангард“ и „Сармат“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња