На колку оперативни балистички ракета „Јарс“ во моментов може да се потпре Русија?

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
Во рамките на РВСН (Ракетни сили за стратешка намена) се наоѓаат најмалку 162 интерконтинентални балистички ракети „Јарс“. Тие се распоредени на мобилни лансирни платформи, како и во подземни силоси.

„Постојаното темпо на опремување овозможи надградба на 18 ракетни полкови со системи од петтата генерација „Јарс“. Со мобилни ракетни системи се опремени со четири ударни групи на Иркутската група на РВСН. Во овој момент го довршуваме комплетирањето на ракетата група на Ракетните сили за стратешка намена. Козељската ударна група се вооружува со ракети кои одат во подземните силоси, додека Барнаулската група активно се опремува со мобилни лансери“, рече командантот на РВСН генерал-полковник Сергеј Каракеев, пренесува порталот Mars.online.

Во РВСН е направен „еластичен систем“ на борбено дежурство. Секоја од овие ракети е способна ефикасно да го пробие непријателскиот систем за противракетна одбрана и гарантирано да ја уништи својата цел, пренесува веб-порталот РГ.

Во рамките на еден ракетен полк има девет мобилни лансирни единици или 20 подземни силоси. Според оваа формација, реалниот број на ракети што се наоѓаат на борбено дежурство е веројатно уште поголем. Покрај овие ракети, во рамките на РВСН се наоѓаат и системи „Топол-М“ и тешка балистичка ракета РС-36М2 „Воевода“.

До крајот на годината се планира комплетирање на првиот ракетен полк кој ќе биде опремен со балистички ракети кои ќе носат хиперсонични воени блокови „Авангард“.

Погледнете го видеото: Излегување на системот „Јарс” во борбена патрола

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња