Како да ставите ракета „Јарс“ тешка 50 тони во лансирен силос (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Русија објави снимка од сместување на интерконтинентални балистички ракети РС-24 „Јарс“ во силоси за лансирање.

Ракетите со специјални тегначи без довлечени во Калушката област. Воените единици на оваа област први ги добија новите ракетни системи „Јарс“. Целта на модернизацијата е зголемување на борбените способности во совладувањето на системите за противракетна одбрана и зајакнување на потенцијалот за нуклеарно одвраќање.

Сместувањето на долгиот цилиндар во отвор во земјата може да биде комплицирано, особено ако цилиндарот е тежок 50 тони и на врвот има боева глава со неколку нуклеарни полнења чија сила е 300 килотони.

„Јарс“ е потешка модернизирана верзија на ракетата „Топол-М“ и главно користи мобилни копнени лансери кои тешко можат да се лоцираат, но постои и варијанта за вкопани силоси.

На снимката објавена во петокот е прикажан конвој предводен од транспортер кој ја довезе ракетата до таен силос некаде во Калушката област. Ракетата, заедно со транспортниот контејнер и 16 тркала, беше подигната во вертикална положба, а потоа спуштена во силосот.

Според податоците што ги изнесува руското министерство, потребни се неколку часа за оваа интерконтинентална балистичка ракета на цврсто гориво тешка 50 тони да се смести во силос.

Подеталните карактеристики на „Јарс“ се воена тајна. За ракетата се вели дека има дострел од 12000 километри и носи најмалку три самонаведувани боеви глави, дека има побрз старт од претходниот модел и подобрена заштита од пресретнување.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња