Ракетните системи „Јарс“ излегоа на маршрутите на борбена патрола (ВИДЕО)

YouTube
Јошкар-Олската единица на Ракетните сили за стратешка намена беше вооружена пролетта минатата година со мобилни ракетни комплекси „Јарс“.

Автономните лансирни уреди на мобилните ракетни системи „Јарс“ од Јошкар-Олската ракетна единица излегоа на маршрутите на борбена патрола.

Ракеташите не се задржуваат долго на исто место. Завршувајќи го дежурството на позициите на терен, групата добива нова команда да ја склопи опремата. Во текот на маневрите ракеташите мораат повеќе пати да ги променат позициите.

Стратешките ракеташи на вежбите тренираат излегување на ракетните системи на позиции на терен, изведување маршеви, распоредување на опремата со промена на позициите на терен, маскирање, борбено дежурство и други задачи. Маскирањето и промените на позициите ги прават масивните лансирни уреди речиси неуништливи.

На маневрите учествуваа повеќе од 2500 припадници на војската и околу 300 единици теника на ракетните екипажи, вклучувајќи најсовремени примероци на вооружување, воена и специјална техника, како што е борбеното противдиверзантско возило „Тајфун М“ или АРС-14КМ.

РС-24 „Јарс“ е руска интерконтинентална балистичка ракета на цврсто гориво која може да биде со мобилно и стационарно, силосно базирање со поделена боева глава.

„Јарс“ може да биде распореден на мобилни лансирни уреди или во добро заштитени подземни силоси. Ракетите имаат повеќе блокови суперсонични нуклеарни маневрирачки боеви глави. Секој блок има свој систем на наведување и е во состојба да го совлада секој ПВО-систем.

Погледнете повеќе: Како да ставите ракета „Јарс“ тешка 50 тони во лансирен силос (ВИДЕО)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња