Модернизацијата на системот ТОС-1 „Буратино“ кој ја носи ознаката ТОС-1А „Сонцепјок“ е реализирана 2001 година. Овој систем има способност за автоматско наведување на целта која се наоѓа на максимална далечина од 6000 метри. Тоа му овозможува на овој систем да остане надвор од зоната што ја покрива мнозинството преносни противтенковски ракетни системи кои ги користи непријателот. За разлика од основната верзија, кај модернизираниот систем ТОС-1А „Сонцепјок“ е намалена количината на ракети (од 30 на 24), додека од друга страна е значително зголемена нивната разорна моќ.
СИРИЈА: појавио се видео на коме си види дејство тешког ВЛР ТОС-1А „Солнцепек“ (ВИДЕО) pic.twitter.com/iJ9ugJyZ6D
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) September 22, 2020
Последицата што ја произведува експлозијата на термобаричната боева глава се опишува како „уништувачка“, особено кога врз ограничена цел се дејствува плотунски и од повеќе орудија истовремено. Тоа ствара ефект кој најмногу се приближува до силата на тактичкото нуклеарно оружје.
Треба да се напомене дека рускиот воено-индустриски комплекс интензивно работи на понатамошен развој на ова навистина моќно тактичко орудие. Во план е понатамошна модификација на повеќецевниот лансер ТОС-1А „Сонцепјок“, при што особено внимание ќе се обрне на зголемувањето на неговата оклопна заштита (додавање на реактивен оклоп).
Најважната задача на руските конструктори е значителното зголемување на техничките карактеристики на основната ракета со калибар 220 мм. Со нејзино подобрување орудието ќе остварува значително поголем ефективен дострел, кој според различни процени ќе се движи во дијапазон од 9 до 12 км.
Треба да се напомене дека Русите работат и на тестирање на помобилна верзија на орудието која ќе ја носи ознаката ТОС-2 „Тосочка“. Орудието ќе биде монтирано на шасија на триосовински камион со зголемена проодност „Урал“. Исто така, се смета дека ова возило ќе може самостојно да се дополнува со ракети. Со таа цел на камионската платформа заедно со орудието ќе биде интегриран и кран со голем опсег на манипулација (подвижност во сите правци), со чија помош „Тосочка“ ќе врши самостојно полнење, со што се избегнува зголемена концентрација на логистичките возила на едно место
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче