Неговата деструктивна моќ е таква што од него нема спас: Во САД го коментираа ПРЛ ТОС-1А „Сонцепјок“

Wikipedia
Западните армии немаат повеќецевен ракетен лансер кој според критериумиот на огнена моќ може да им конкурира на тешките руски орудија „Буратино“ и „Сонцепјок“. Ефектите што ги произведуваат овие средства, особено кога по ограничена цел дејствуваат плотунски и од повеќе орудија истовремено, го приближуваат најмногу до силата што може да ја оствари тактичкото нуклеарно оружје.

Тешкиот повеќецевен ракетен лансер „Буратино“ и неговата модернизирана верзија „Сонцепјок“ станаа предмет на анализа на американскиот интернет-портал „Национален Интерес“. Главното прашање што си го поставува авторот на оваа публикација се однесуваше на способноста на вооружувањето на НАТО да се спротивстави на разорното дејство на руските ракетни фрлачи.

Еден воен експерт го нарече повеќецевниот ракетен лансер ТОС-1 „Буратино“ „едно од најразорните артилериски средства, кое е само послабо од тактичкото нуклеарно оружје“. Тој притоа наведува примери за неговото дејство во Авганистан, Чеченија, Ирак и Сирија, каде прецизира дека станува збор за средство специјализирано за уништување на непријател кој е исклучително силно утврден.

„Овој комплекс нема реална конкуренција во западните армии. Војската на САД во текот на операцијата во Ирак користеше повеќецевни ракетни лансери M142 HIMARS кои ни одблиску немаат таква разорна моќ“, наведува авторот на текстот. Овие системи главно се користат за борба против непријателска жива сила на отворено и неговата леснооклопна борбена техника. Според авторот, овој вид артилерија главно користи ракети со касетна субмуниција, и не поседува ракети со термобарични и напалм боеви глави. Тој исто така прецизира дека Војската на САД поседува убојни средства со термобарични боеви глави, но дека ги користи исклучиво на преносн системи со помали габарити и воздухоплови ракети „воздух-земја“.За разлика од нив, Русите го користат овој тип муниција и на повеќецевните ракетни лансери со долг дострел „Ураган“ и „Смерч“, пренесува интернет-порталот РГ. 

Модернизацијата на системот ТОС-1 „Буратино“ со ознака ТОС-1А „Сонцепјок“ беше реализирана во 2001 година. Овој систем има способност за автоматско наведување кон целта, која се наоѓа на максимално растојание од 6000 метри. Тоа му овозможува на овој систем да остане надвор од зоната што ја покриваат преносните противтенковски ракетни системи на непријателот. За разлика од основната верзија, кај модернизираниот систем ТОС-1А „Сонцепјок“ е намалена количината на ракети (30 на 24), додека од друга страна, нивната разорна моќ е значително зголемена. Последицата што ја произведува експлозија на термобарична боева глава се опишува како „ужаснувачка“, особено кога по ограничена цел се дејствува плотунски и од повеќе орудија истовремено. Тоа создава ефект кој најмногу се доближува до силата на тактичкото нуклеарно оружје.

Треба да се напомене дека рускиот воено-индустриски комплекс работи интензивно на понатамошен развој на ова навистина моќно тактичко орудие. Во план е понатамошна модификација на повеќецевниот лансер ТОС-1А „Сонцепјок“, при што особено внимание ќе се посвети на зголемувањето на неговата оклопна заштита (додавање на реактивен оклоп).

Најважната задача на руските конструктори е значително зголемување на техничките карактеристики на основната ракета со калибар 220 мм. Со нејзиното подобрување орудието ќе остварува значително поголем ефективен дострел, кој според различни проценки ќе се движи во опсег од 9-12 км.

Русите планираат да го интегрираат лансерот со овие ракети и на платформа со тркала. Ова средство го доби називот „Тосочка“. Во тек се завршните тестирања на новиот систем и наскоро можеме да очекуваме негово официјално претставување на некои од следните саеми за оружје и воена техника што се одржуваат во Русија. За разлика од платформата на тешкиот гасеничар, „Тосочка“ ќе биде значително помобилно решение, способно во најкус можен рок да помине големо растојание во километри. Исто така, „Тосочка“ нема да бара ангажирање на логистика за нејзин транспорт, како што е случај со гасеничните модели ТОС-1 и ТОС-1А.

БЕЗ КОМЕНТАР: Погледнете удар на батерија орудија ТОС-1А (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња