Атрактивна фотографија на плотунски удар од тешкиот ПРЛ со калибар 220 мм ТОС-1А „Сонцепјок“

Marsonline (bog-rata.com)
Тешкиот повеќецевен лансер „Сонцепјок“ е во состојба целиот свој борбен комплет од 24 ракети да го испука за 7-8 секунди. Тој има способност во режим на плотунски оган да лансира по две ракети одеднаш, со што се остварува голема концентрација на оган која е во состојба, и во буквална смисла, да ги разори непријателските позиции.

Модернизацијата на системот ТОС-1 „Буратино“ кој носи ознака ТОС-1А „Сонцепјок“ е реализирана 2001 година. Се работи за орудие со голема огнена моќ кое се наоѓа на платформа на основниот борбен тенк Т-72. Стандардната верзија на ова орудие ефикасно пред себе го расчистува просторот на далечина и до 6000 метри. За разлика од основната верзија, кај модернизираниот систем ТОС-1А „Сонцепјок“ е намалена количината на ракети (30 на 24), додека од друга страна е значително зголемена нивната разорна моќ.

Меѓутоа, основниот проблем на овие орудија е релативно малиот ефективен дострел на ракетите, како и неговата слаба оклопна заштита што бара употреба на тактички специфичности при нивната употреба. Овој проблем дефинитивно ќе биде елиминиран со воведување во вооружувањето на новата генерација ракетна муниција за овие системи, кои пред сé ќе се одликуваат со значително поголем дострел.  

Последицата што ја произведува експлозијата на термобаричната боева глава се опишува како „девастирачка“, особено кога врз ограничена цел се дејствува плотунски и од повеќе орудија истовремено. Тоа создава ефект кој најмногу се приближува до силата на тактичко нуклеарно оружје.  

Треба да се напомене дека рускиот воено-индустриски комплекс работи интензивно на понатамошен развој на ова навистина моќно тактичко орудие. Во план е понатамошна модификација на повеќецевниот лансер ТОС-1А „Сонцепјок“, при што особено внимание ќе се посвети на зголемувањето на неговата оклопна заштита (додавање на реактивен оклоп). Унапреден е и квалитетот на гасеничната лента, а исто така е зголемена и силата на основниот мотор која сега достигнува 840 КС. Најважната задача на руските конструктори е значително зголемување на техничките карактеристики на основната ракета со калибар 220 мм. Со нејзиното подобрување орудието ќе остварува значително поголем ефективен дострел, кој според различни проценки ќе се движи во опсег од 9-12 км.

Орудието е најефикасно против непријател кој се наоѓа на отворен простор. Исто така, ракетната салва од овие орудија е исклучително ефикасна и против непријателот кој се наоѓа на ридско-планински терен, но и во изградени фортификации.

Треба да се напомене дека Русите работат и на развој на помобилна верзија на орудието кое ќе ја носи ознаката ТОС-2 „Тосочка“. Орудието ќе биде монтирано на шасија на троосовински камион со зголемена проодност. Претпоставката е дека платформата ќе ја развие Уралскиот автозавод. Исто така, се смета дека ова возило ќе може самостојно да се дополнува со ракети. Со таа цел на камионската платформа заедно со орудието ќе биде интегриран и кран со голем опсег на манипулација (подвижност во сите правци), со чија помош „Тосочка“ ќе врши самостојно полнење, со што се избегнува зголемена концентрација на логистички возила на едно место. Руските медиуми најавија дека официјалната премиера на новиот „тешкаш на тркала“ ќе биде одржана на денот на Победата на 9 мај 2020 година во Москва.

Минатата година во Алтајскиот регион беше формиран самостоен ракетен баталјон опремен со средства ТОС-1А „Сонцепјок“. Овој тип орудија ја докажа својата ефикасност во локалните конфликти од поново време (Ирак, Сирија).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња