Најнова снимка од дејство на тешкиот ПРЛ ТОС-1А „Сонцепјок“ во Сирија (ВИДЕО)

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Тешкиот повеќецевен ракетен лансер „Сонцепјок“ се наоѓа во состав на дивизијата за специјални намени („Тигри“). Дејството е остварено во одвоени временски интервали со по две ракети.

Во Сирија е регистрирана употреба на тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-1А „Сонцепјок“ против утврдени позиции изградени и окупирани од терористите. Тој дејствуваше работел во одвоени временски интервали со по две ракети. Веројатно гаѓаше повеќе одвоени цели. Ефектите од ова дејство не се познати. Не е позната ни точната локација од која дејствуваше орудието, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.

Модернизацијата на системот ТОС-1 „Буратино“ со ознака ТОС-1А „Сонцепјок“ беше реализирана во 2001 година. Овој систем има способност за автоматско наведување кон целта, која се наоѓа на максимално растојание од 6000 метри. Тоа му овозможува на овој систем да остане надвор од зоната што ја покриваат преносните противтенковски ракетни системи на непријателот. За разлика од основната верзија, кај модернизираниот систем ТОС-1А „Сонцепјок“ е намалена количината на ракети (30 на 24), додека од друга страна, нивната разорна моќ е значително зголемена.

Последицата што ја произведува експлозија на термобарична боева глава се опишува како „ужаснувачка“, особено кога по ограничена цел се дејствува плотунски и од повеќе орудија истовремено. Тоа создава ефект кој најмногу се доближува до силата на тактичкото нуклеарно оружје.

Треба да се напомене дека рускиот воено-индустриски комплекс работи интензивно на понатамошен развој на ова навистина моќно тактичко орудие. Во план е понатамошна модификација на повеќецевниот лансер ТОС-1А „Сонцепјок“, при што особено внимание ќе се посвети на зголемувањето на неговата оклопна заштита (додавање на реактивен оклоп).

Најважната задача на руските конструктори е значително зголемување на техничките карактеристики на основната ракета со калибар 220 мм. Со нејзиното подобрување орудието ќе остварува значително поголем ефективен дострел, кој според различни проценки ќе се движи во опсег од 9-12 км.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња