Во Велика Британија високо оценета руската ракета „Буревесник“

Youtube
Британската војска е загрижена поради новата руска ракета „Буревесник“. Како што изјави шефот на воената разузнавачка служба на Обединетото Кралство генерал-потполковник Џим Хокенхал, таа може да се наоѓа во воздух практично неограничено време и да изведува напади од неочекувани правци ширум светот.

„Москва тестира крстосувачка ракета на нуклеарен погон, која има глобален дострел и овозможува напади од неочекуван правец“, изјави Хокенхал, пренесува „Дејли Меил“. Се наведува дека благодарение на нуклеарниот погон ракетата може да се наоѓа во воздух практично неограничено време.

Хокенхал ги коментира и другите сегменти на руската воена индустрија. Според него, Русија се насочила кон развој на квалитетно оружје и создавање нови типови вооружување. Тој ги истакнува големите инвестиции во развојот на подморничката флота и длабоководните средства, меѓу другото, на автономните апарати кои можат да префрлуваат боеви глави до цели на брегот или дури до носачи на авиони на море.

Како што истакнува шефот на британската воена разузнавачка служба, сето тоа може да му направи многу проблеми на Запад. Но сепак, во овој момент, тој смета дека најголема закана претставува Кина.

Анализа на крстосувачката ракета „Буревесник“: Што сè е познато за таинственото руско оружје?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња