Американското разузнавање дозна кога „Буревесник“ ќе пристигне во руската армија

Youtube
Американското разузнавање смета дека Москва во текот на следните шест години ќе ја вооружи својата армија со крстосувачки ракети „Буревесник“ (Skyfall според класификацијата на НАТО) кои ги придвижува мотор на нуклеарен погон, јавуваат американските медиуми.

Како што соопшти телевизијата CNBC, „Буревесник“ беше еднаш тестиран оваа година и четири пати од октомври 2017 до февруари 2018 година.

Разузнавачката служба на САД утврдила дека најдолгиот лет траел нешто повеќе од две минути и дека ракетата за тоа време прелетала 35,4 км. Најкраткиот лет траел само четири секунди, кога ракетата прелетала 8,05 километри. Оваа телевизија тврди дека сите тестирања на „Буревесник“ биле неуспешни, пренесува агенција ТАСС.

Според телевизискиот канал CNBC, пробните лансирања покажале дека ракетниот мотор не запалил и дека тоа, наводно, ја предизвикало експлозија во Архангелската област.

На 28 август поранешниот инспектор на ООН за контрола на оружјето Скот Ритер објави во американското издание The American Conservative материјал во кој ги критикува шпекулациите на тема опасност од радијација по експлозијата на руски полигон кај селото Њонокса во Архангелската област.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња