Подобро да не ги гибате: Ветеран на Воената морнарица на САД за руските нуклеарни подморници

Нуклеарна подморница од проектот 971 (класа „Штука-Б“).

Нуклеарна подморница од проектот 971 (класа „Штука-Б“).

ИТАР-ТАСС
Командата на Воената морнарица на САД и нивните сојузници од НАТО проучува начини за ефикасна борба против руските подморници во случај на конфликт раководејќи се од методите на Студената војна и така прави голема грешка.

Такво мислење изнесе Бредфорд Дисмјукс, ветеран на Воената морнарица на САД и автор на книгата „Советската военопоморска дипломатија“. Неговата статија ја објави изданието Naval College Review.

И покрај тоа што САД ја третираат Студената војна како свој историски успех, искуството од тој период е повеќето негативно, пишува американскиот офицер. Тоа пред сé се однесува на уверувањето дека советската, а потоа и руската морнарица е насочена кон офанзивни дејства. Според зборовите на Дисмјукс, основната задача на Воената морнарица на РФ е всушност одбраната.

„САД до средината на 1980-тите интензивно ја промовираа идејата дека СССР имал намера да предизвика нова „битка за Атлантикот“. Тоа не беше точно, а последиците од таквата грешка беа сериозни и скапи. Да се игнорира сега таа грешка значи да се впуштите во ризик без рационална основа“, пишува Американецот.

Токму поради тоа, смета тој, руските нуклеарни подморници се пред сé сила за нуклеарно одвраќање, т.е. еден од неговите клучни фактори. Каква било закана на тој дел на морнарицата ќе придонесе за предизвикување конфликт кој може да има катастрофални последици.

„Речиси во сите околности кои можат да се замислат, подобро ќе биде Соединетите Американски Државни да не им се закануваат на руските подморници и нивните балистички ракети. Тоа е онаа ретка ситуација кога поразот ќе биде подобра варијанта отколку успехот. Прво, Руската Федерација поседува цела низа модели на вооружување на чија примена САД немаат можност да возвратат со иста мера, а второ, сличен конфликт ќе има последици од несогледливи размери“, изјави Дисмјукс.

Логиката на стратешка одбрана од времето на Студената војна не може да се примени во современа ситуација. Само еден успешен интерконтинентален напад може да загрози цели народи, а сето тоа поради несфатливи и неостварливи цели, истакнува американскиот ветеран.

„Старата мудра изрека гласи дека непријатности не носи она што не го познавате, туку она во што сте сигурни. Таа констатација треба да ги поттикне САД и сите учесници во Алијансата да ја преиспитаат стратегијата на борба против подморниците на РФ во насока на сведување на заканите на минимум. Огромна е разликата меѓу фразите „Имам многу слаба точка и ќе ја бранам и мојот противник има намера да нападне“. Првата уште е и точна, а втората не беше точна ни во времето на Студената војна, а и денес е мала веројатноста дека може да биде точна“, резимира американскиот офицер.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња