Експерти од САД: Атомската подморница „Јуриј Долгоруки“ е гарант на рускиот возвратен удар

Youtube
Се работи за подморница способна да проектира стравотна разорна сила без оглед на фактот дека сите други потенцијали на стратешките ракетно-нуклеарни сили се уништени во првиот удар.

Американското списание „Национален Интерес“ ја нарече руската нуклеарна подморница за стратешки цели „Јуриј Долгоруки“ - „главното оружје на Судниот ден“. Текстот зборува за лансирањето  на интерконтинентална балистичка ракета „Булава“ при крајот на мај минатата година.

РПКСН К-535 „Јуриј Долгоруки“ успешно го изврши лансирањето на четири интерконтинентални балистички ракети „Булава“ од акваторијата на Белото Море по целие поставени на воениот полигон Кура на Камчатка. Во таа прилика проектилите беа лансирани од подводни услови, пренесува интернет-порталот РГ.

„Булава“ е развиена од познатиот МИТ („Московски институт за термичко инженерство“). Одлуката за влез во проектот за развој на нова интерконтинентална балистичка ракета со подводно базирање  беше донесена во 1998 година. Првите ракетни тестирања на оваа ракета започнаа на 23 септември 2004 година од платформата на стратешката нуклеарна подморница „Дмитриј Донски“ од класата 941 „Акула“.

Ракетата се состои од три степени. Нејзиниот дострел се движи од 8000-11000 километри. Со прикачена боева глава, „Булава“ е долга 12,1 метри. Нејзиниот калибар е 2000 мм. Ја движи мотор на цврсто гориво. Вкупната тежина на ракетата во борбениот спремник на подморницата е 36,8 тони. Таа е способна да носи товар со маса од 1150 килограми. Тоа е доволно да се инсталира боев блок составен од 6-10 независно насочени боеви глави со моќност од 150 кт. Веројатната кружна грешка (отстапување од целта) на максималниот дострел изнесува >350 метри.

Споредувајќи ја оваа нуклеарна подморница со останатите пандани што се наоѓаат во експлоатација во армиите на другите земји, списанието посочува дека таа може да изврши одмазда по противничките градови ако во првиот удар се уништени останатите сегменти на стратешките ракетно-нуклеарни сили.

Стратешката нуклеарна подморница „Јуриј Долгоруки“ (класа подморници 955 „Бореј“) влезе во вооружувањето на Северната флота во 2012 година. Подморниците од оваа класа спаѓаат во борбените пловила од четвртата генерација, кои се вооружени со 3-степени интерконтинентални балистички проектили „Булава“. Секоја подморница од оваа класа во својот борбен спремник може да носи 16 од овие ракети способни да остварат проектиран максимален дострел и до 11000 км, во временски интервал од 20-25 минути. Она што е особено застрашувачко е деструктивната моќ на подморничкиот ударен арсенал кој може да претвори во прашина и пепел практично цел еден континент. Имено, секоја од овие ракети носи по 10 независно насочени боеви глави еквивалентни на 150 кт. Ракетен плотун испукан од стратешката подморница „Јуриј Долгоруки“ може да покрие и до 160 непријателски цели (подморницата „Дмитриј Донски“ од класата 941УМ „Акула“ и до 200 цели).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња