Ова во интервју за агенцијата ТАСС го соопшти Георгиј Закамених, генерален директор на научноистражувачкиот институт ЦНИИ „Буревестник“.
Како илустрација е објавена првата фотографија на ова орудие на четириосовинска шасија на теренско возило, произведено во Брјанската фабрика за автомобили.
За „Малва“ се дозна дури кон средината на минатата есен.
ЦНИИ „Буревестник“ интензивно работи на развој на современо артилериско вооружување за руската армија.
Конструкторите на овој колектив ги создадоа противвоздухопловниот систем „Деривација“ со калибар 57 мм и системите „Дрок“ (82 мм) и „Флокс“ (120 мм).
Многу е необично орудието „Магнолија“ на дводелна гасенична шасија. Исто така вреди да се издвои и „Коалиција“ како најдоброто самоодно орудие на светот.
Овие уникатни оклопни новитети се прикажани во видеоклипот по повод 50-годишнината на научноистражувачкиот институт кој денес припаѓа на концернот „Уралвагонзавод“ во рамките на државната корпорација „Ростех“.