„Уништувачот на дронови“ првпат ќе биде прикажан на саемот „Армија-2018“

YouTube
Според резултатите добиени при тестирањето „Деривација-ПВО“ може да соборува крстосувачки ракети, ракети од класата „воздух-земја“, па дури и ракети истрелани по повеќецевни ракетни фрлачи како што е „Град“.

Перспективниот самооден артилериски комплекс „Деривација-ПВО“ првпат ќе ѝ биде претставен на пошироката јавност на големиот саем на вооружување и воена опрема „Армија-2018“, кој ќе се одржи следната недела во подмосковскиот парк на Министерството за одбрана на РФ „Патриот“.

„Деривација-ПВО е новитет кој ќе биде прикажан во нашата програма“, истакна за интернет порталот „Интерфакс“ еден од организаторите на овој саем. Оваа информација во меѓувреме ја потврдија и претставници на воено-индустрискиот комплекс.

„Деривација-ПВО“ е пред сѐ наменет да се бори против различни типови беспилотни летала, но и нисколетачки борбени авиони и хеликоптери. Вооружен е со брзометен топ калибар 57 мм, кој ќе употребува исклучително ефикасна муниција со голем број фрагменти но и „паметни“ запалки. Оваа муниција драстично ќе ја зголеми ефикасноста при гаѓањето на копнени но и на воздушни цели. Таа ќе биде компатибилна со новата електронска конфигурација, т.е. со системот за управување со огнот. Новиот СУВ ќе има интелектуална способност да ја препознае зафатената цел и самостојно да го одбере типот на гранатата со која ќе биде пресретната-уништена.

Според резултатите добиени при тестирањето  „Деривација-ПВО“ може да соборува крстосувачки ракети, ракети од класата „воздух-земја“, па дури и ракети истрелани по повеќецевни ракетни фрлачи како што е „Град“. Системот е исто така многу ефикасен при неутрализирањето копнени и надводни цели.

Како што погоре напоменавме, рускиот воено-индустриски комплекс за топот со висока балистика калибар 57 мм направи нова муниција, која исто така се наоѓа во завршната фаза на испитувањата.

Накратко за основното вооружување

Топовите со висока балистика калибар 57 мм се нешто потполно ново, и тоа не само во руски, туку и во глобални размери. Конкретно, се работи за топот „А-220М“ калибар 57 мм, кој е дел од роботизираната купола која во комплет ја произведува познатото руско биро „ЦНИИ Буревестник“. Овој топ е неспоредливо посилен од стандардните топови со калибар 30 мм како што се, на пример, 2А42 и 2А72, како по ефективниот дострел, така и по учинокот на огнот врз целта. Така, на пример, поткалибарна граната калибар 57×348 мм SR истрелана од овој топ ќе може како од шега да „прострели“ и најтешки оклопни борбени возила на пешадијата, како што е, на пример, германското Schützenpanzer Puma. Претпоставките се дека новата муниција на далечини поголеми од 1500 метри ќе има способност да пробие хомогена панцирна плоча со дебелина и до 150 мм.

Погледнете го видеото: Борбените возила на пешадијата БМП-3 претворени во роботи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња