Работата над нов пиштол за Црвената армија започнува во 20-тите години на минатиот век. Во тој момент прашањето за изборот на куршуми им е препуштен на конструкторите, како резултат на што се изработени првите воени пиштоли презентирани за тестирање – примероците на Прилуцки и Коровин се направени со куршуми 7,65х17 мм, изјави историчарот Андреј Уланов за „Калашников.Media“, пренесува „Росијскаја газета“.
Во 1927-1928 година, пиштолите на Прилуцкин и Коровин ги поминуваат тестирањата, но меѓу нив нема јасен победник. На конструкторите им е предложено да го зголемат калибарот до 9 мм или да го зголемат ефектот на ранување на куршумот 7,65 мм. Новите тестирања, во кои исто така вклучуваат и моделите на Коровин, Прилуцки, Валтер, Браунинг, Парабелум и Токарев, покажуваат дека ТТ е супериорен во однос на другите пиштоли по тежината, сигурноста и лесната употреба. Независно од тоа, Артилерискиот комитет ги наградува Сергеј Коровин и Сергеј Прилуцкин со парична награда од 1000 рубли за нивниот голем придонес во креирањето на новиот пиштол.
Малку познато е фактот дека буквално неколку години по воведувањето во употреба на ТТ се појавува прашањето за негова замена со друг пиштол.
Меѓу учесниците во новиот натпревар е и Фјодор Токарев, кој претставува пиштол сличен на германскиот „Парабелум“ или на јапонскиот „Намбу“. Пиштолот се вика ТТ-39, има вкупна должина од 223 мм, капацитет - 8 куршуми, тежина - 770 грама. Конкурентските тестирања се вршат до март 1941 година и дури на почетокот на Втората светска војна е примен во вооружувањето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче