Како што соопштува „Краснаја звезда“, кај перспективните ракетни системи ќе биде применет принципот на одвоено решавање задачи поврзани со уништување балистички и аеродинамични цели.
Главниот правец на дејствување на „Прометеј“ е уништување балистички ракети со среден дострел. Но, тој може да излезе на крај и со интерконтинентални балистички ракети на финалната делница од нивната траекторија.
Системот С-500 може да уништува хиперсонични авиони и беспилотни летала, а исто така и ефикасно да неутрализира хиперсонично оружје од сите модификации. За него поблиската вселена не претставува никаков проблем.
„Може да се каже дека овој систем нема пандан во светот“, нагласи Сергеј Бабаков.
Системот С-500 уништува цели во радиус од 600 километри во целиот висински дијапазон, а покрај тоа може да организира дејство на помалку моќни противвоздушни ракетни системи и авијацијата, разменувајќи со нив податоци за можните цели. „Прометеј“ воедно ќе може да прима податоци од оддалечени радари, сателити и од други извори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче