Концернот „Калашников“ прави нов митралез на база на моделот РПК-16

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Годинава во Русија почнува работата над нов митралез на база на рачниот митралез „Калашников“ РПК-16.

Годинава во Русија почнува работата над нов митралез на база на рачниот митралез „Калашников“ РПК-16.

Тоа ќе биде потполно ново оружје, соопшти за агенцијата РИА „Новости“ извор во военоиндустрискиот сектор. Имено, војниците веќе некое време го користат РПК-16, кој по сите тестирања беше воведен во експлоатација и досега изнесоа низа забелешки и предлози. Сите изнесени мислења ќе бидат систематизирани и искористени во работата над новиот митралез.

Како што објасни соговорникот на наведената агенција, РПК-16 не му овозможува на војникот да примени многу важни решенија.

РПК-16 е руски рачен митралез на концернот „Калашников“ кој користи муниција со калибар 5,45х39 мм. Тежок е 4,5 килограми, во рамката има 95 куршуми, а брзината на гаѓање му е 700 куршуми во минута.