Екипажите на стратешката авијација летаа повеќе од осум часа.
Во Амурската област во Русија се одржаа летечко-тактички вежби на екипажите на стратешката авијација. Во вежбите учествуваа повеќе од десет стратешки ракетоносци Ту-95МС и авиони-цистерни Ил-78.
Пилотите на стратешката авијација гаѓаа со ракети цели на полигон во Камчатскиот крај и извршија полнење со гориво на резервоарите во воздух.
Полнењето на стратешките ракетоносци во воздух е изведено на висина од преку 6000 метри при брзина од преку 550 километри на час. Се работи за еден од најсложените елементи во летачката обука кој притоа овозможува значително да се зголеми борбениот радиус на дејство и да се извршат задачите на голема оддалеченост од базата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче