На снимката е забележана „трка“ на руска и американска военополициска патрола. Оклопно возило Oshkosh M-ATV се обиде да претекне руски „Тајфун К-63968“. На крај губитници беа американските безбедносни сили.
Својата супериорност припадниците на руската војска ја покажаа кон средината на јуни. Две американски оклопни возила се обидуваа да му го блокираат преминот на руски БТР-80, меѓутоа нивните напори беа залудни. Оклопниот транспортер на РФ лесно ги заобиколи и продолжи да се оддалечува.
Американската војска не може да се пофали ни со доминација во воздухот. За да се носат со руските противвоздухопловни ракетни системи С-400 во Сирија, Американците модернизираа своја ракета зголемувајќи ѝ го дострелот. Меѓутоа, пилотите на авионите сепак мораат да го ризикуваат животот за да се приближат на неопходното растојание и да ја лансираат ракетата, пишува ФАН.