„Тајфун“ К-53949
Слободан ЃукиќЕдиниците на Воената полиција кои се наоѓаат во состав на рускиот контингент во Сирија продолжуваат со операцијата за општа стабилизација во неодамна ослободените делови на Дамаск, познати како Источна Гута/Дума. Вкупната јачина на овие сили распоредени по централните улици во ова населено место е еквивалента на еден пешадиски баталјон.
Овие единици, покрај дополнителното осигурување на безбедносната ситуација во Дума, имаат задача и да му помогнат на месното цивилно население, пред сѐ кога се работи за доставување на основни животни намирници и останатата, првенство, лекарска помош. Тука се наоѓа и медицински пункт кој води сметка за здравствениот статус на жителите кои со години живееја во еден вид перманентен страв и хроничен недостиг на животни намирници.
Воената полиција влезе во населението со специјалните оклопни возила „Тајфун“ К-53949 кои се опремени со уредите за блокирање на радио-комуникација РП-377ВМ1. . Овој уред е првенствено наменет за блокирање на радио-врската која денес масовно ја користат терористите за далечинско активирање на минско-експлозивни средства. Постои основано сомневање дека во урнатините на Дума се наоѓа голем број на вакви „пеколни“ направи кои мораат да се пронајдат и деактивираат.
Може да се констатира дека единиците на рускиот контингент покрај своите стандардни активности почнаа и со операција за деминирање на оваа зона, која ја изведуваат со специјални елементи на противдиверзантски тимови кои се наоѓаат како во состав на руската, така и на сириската армија, а кои последниве две години се обучувани од страна на своите руски колеги.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче