Како што се наведува во најавата на видеоснимката, инцидентот се случил за време на заедничкото патролирање во провинцијата Ал Хасака. Турското возило заглавило во кал длабока еден метар, но „Тајфунот“ лесно го извлече на суво со помош на челична сајла со чекрк.
Треба да се истакне дека оклопното возило „Кирпи“ и универзалното оклопно возило „Тајфун-К“ имаат слични карактеристики. Руското возило е направено врз база на моделот КамАЗ-63968 и тежи 24 тони, додека турското возило е тешко 20 тони. „Кирпи“ може да прими 13, а „Тајфун“ 14 војници.
Од друга страна, возилото од руско производство има поголема сила. Дизел-моторот со турбо-компресор има 450 КС и ѝ овозможува на челичната грдосија да развие брзина од 110 км/ч, а благодарение на погонот 6х6 возилото се движи лесно по беспаќе, навеви и други пречки трошејќи многу малку гориво – околу 35 литри на 100 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче