„Сé се тресе, авионот како да е жив. Од прозорците бие провев, а кога ќе дувне посилен ветар сé се лула“, ги изнесува еден патник впечатоците за летот со советски авион Ан-2 (произведуван од 1947 до 1992 година) кој сé уште го користи авионската компанија „Втор архангелски обединет авионски одред“ по селата на Архангелската област и Ненецкиот автономен округ. Билетите за тој авион мораат да се купат две недели порано, и повторно не е исклучен „овербукингот“ на денот на летот.
Сé уште лета и познатиот Ту-154, патнички авион на млазен погон (произведуван 1968-1998). Го користи авионската компанија „Алроса“. Лета само од населбата Мирни (Иркутска област) до Иркутск, и само во летната сезона. Билетот во еден правец чини најмалку 10000 рубли (145,7 долари).
„Туполев“ Ту-154М на авионската компанија „Алроса“, претходно "Alrosa Mirny Air Enterprise".
Дмитриј ПичугинДоколку некој по самоизолацијата посака да оди во рускиот град Вологда, на располагање му е „Вологодското авионско претпријатие“ и неговиот Јак-40 кој прима 40 патници (произведуван 1966-1981). Велат дека секој патник пред полетувањето добива многу вкусни чоколатца и бонбони „Взлет“. Целото задоволство не чини повеќе од 6000 рубли (87,42 долари) во еден правец.
Авиокомпанијата „Ижавиа“ превезува патници од Ижевск во Москва, Петербург, Анапа, Сочи и Симферопол и назад во Ижевск, во раритетен авион Јак-42, кој е произведуван од 1980 до 2003 година.
Јак-42 на компанијата „Ижавиа“ на аеродромот Пулково.
Ана Зверева (CC BY-SA 2.0)Ту-134 е конструиран на почетокот на 1960-тите во Конструкторското биро „Туполев“ и сé уште лета благодарение на авионската компанија „Космос“. Сообраќа еднаш неделно на Крајниот север од Архангелс до населбата Амдерма 2 (Нова Земја). Билетот во еден правец често чини преку 20000 рубли (291,4 долари). Адерма е во пограничната зона, така што не секому е дозволено да ја посети оваа населба.
Во Русија летаат и советски военотранспортни авиони, на пример Ан-26 (воведен во експлоатација 1973 година). Ги користи „Костромското авионско претпријатие“ на линијата Кострома – Санкт Петербург.
Компанијата „Чукотавиа“ има линии на Чукотка во кои користи авиони Ан-24 (претходник на моделот Ан-26), произведувани од 1962 до 1979 година.
Патнички авион Ан-24РВ на компанијата "ЧукотАВИА" над писта на аеродром.
Марина Лисцева/TASS„Сибирска лесна авијација“ е компанија која има авионски линии до бајкалскиот остров Ољхон. На тие линии лета подоцнежна верзија на авионот Ан-28 (произведуван од 1983 до 1997). Точно е дека го крева адреналинот, но е неверојатно убаво.
Ан-28
Сибирска лесна авијација
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче