Едномоторниот двокрилец Ан-2 е вистински ветеран, а се произведува од 1947 година. Кина и понатаму продолжува да го произведува. Ан-2 активно се користи во земјоделството, во авионските спортови и во патничката авијација. Со над 1.500 парчиња во оперативна употреба во Русија денес, овој авион сочинува 90 отсто од малиот авиосектор на Русија. Меѓу стручњаците е познат како „вечен авион“.
Како уште еден ветеран на советската и на руската цивилна авијација, Ил-18 во улога на патнички авион е користен повеќе од 40 години, а и понатаму е во употреба во војската. Омилен е кај пилотите поради својата сигурност и лесното управување. А, и патниците ја сакаа неговата широка и удобна внатрешност.
Гадина Смит
SputnikИл-62 беше вистински советски патнички млазен авион со голем долет, направен за интерконтинентални летови. Во времето кога во 1963 година за првпат полета, беше најголем патнички авион на светот.
Денес поголемиот дел од корисниците на Ил-62 во светот престана да го користи за потребите на комерцијалниот патнички транспорт. Но, Северна Кореја и понатаму ги користи овие авиони, а еден од нив му служи на севернокорејскиот лидет Ким Џонг Ун како еквивалент на американскиот „Air Force One“.
Конструиран кон крајот на шеесеттите години од минатиот век, Јак-40 е првиот турбомлазен патнички авион не само во Советскиот Сојуз, ами и во светот. Немаше само оддел за багаж, така што сите работи беа чувани во специјална преткомора и беа предавани по на слетувањето.
Покрај Конкорд, Ту-144 беше еден од двата суперсонични транспортни авиони кои влегоа во служба. Првиот лет го имаше на 31 декември 1969 година, што е еден месец пред неговиот европски конкурент.
Но, поради високите трошоци за одржување и за користење, како и поради несигурноста, Ту-144 беше напуштен. Сепак, НАСА го користеше за своите суперсонични истражувања. Американците го преферираа советскиот авион во однос на европскиот зашто беше побрз, односно 2.300 наспроти 2.150 километри на час.
Со 1.026 направени примероци, Ту-154 беше најпроизведуваниот советски патнички авион. Со брзина од 850 километри на час, тој беше еден од најбрзите авиони од овој тип во Советскиот Сојуз. Денес само еден Ту-154 се користи во патничкиот сообраќај (и тоа во инвентарот на „Алроса ерлајнс“ во Сибир), додека 18 авиони од овој тип ги користи војската.
За жал, Ту-154 беше заслужен за некои од најлошите воздухопловни трагедии. Во 1985 година ја донесе најголемата авионска несреќа во историјата на советското воздухопловство. Тогаш Ту-154 се урна со сите 200 патници во Узбекистан. Во 2010 година, пак, полскиот Ту-154, кој во себе го носеше државниот врв вклучувајќи го и претседателот Лех Качински, се урна во близина на Смоленск.
Со 106 произведени парчиња, Ил-86 беше еден од најпроизведуваните широкотрупни млазни патнички авиони во СССР. „Советскиот ербас“ можеше да собере 350 патници. Плановите за модернизација на ИЛ-86 за 450 патници никогаш не ја видоа светлината на денот.
Ил-96, поточно неговата модификација Ил-96-300ПУ, денес служи како руски еквивалент на „Air Force One“. Опремен е со сала за ручеци, тушеви, спални соби за ВИП-гости, па дури и со сала за вежбање.
Супермлазниот Сухој 100 е првиот патнички авион направен во Русија по распадот на Советскиот Сојуз. Денес, покрај Русија, главен корисник на овој апарат е мексиканската авиокомпанија „Интерџет“ која поседува 22 авиони од овој тип.
Ова е најновиот руски патнички авион, а својот прв лет го имаше во 2017 година. Почетокот на неговото масовно производство се очекува следната година. Според неговите конструктори, Иркут МС-21 може да се натпреварува со современите теснотрупни авиони „Ербас“ и „Боинг“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче