Поликарпов По-2 (до 1944 година го носел називот У-2).
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru/1. Советскиот лесен ноќен бомбардер У-2 (преименуван е во 1944 година во По-2 „Поликарпов“) не можел да им парира на непријателските ловци и во голема мера заостанувал зад сите германски бомбардери. Сепак, овој авион бил легендарен во советското време и бил фаворизиран во филмовите и во песните. Зошто?
Градот Горки (денешен Нижни Новгород), аероклуб, 1940 година. Во воздухот се наоѓаат авиони У-2 за вежбање.
Анатолиј Гарањин/Sputnik2. Бомбардерот По-2 веќе бил третиран како застарен кога започнала германската офанзива на Советскиот Сојуз. Конструиран е во 1927 година и бил многу користен како „летечка маса“ на советските пилоти, зашто тоа е вистински авион со кој управувале почетници (буквата „У“ во неговиот назив потекнува од зборот „учебный“, односно „за вежбање“). Ова летало им ги „простувало“ на почетниците сериозните грешки и речиси никогаш не паѓало во спирала.
Херојот на Советскиот Сојуз Валериј Павлович Чкалов пред вежбовен авион У-2 кој го добил како подарок од Народниот комесаријат за тешка индустрија.
В. Фишман/TASS3. Авионот е користен и за земјоделски намени, за прскање на посевите. Дури и кога во војната се покажал како ефикасна борбена машина војниците и понатаму нагалено го нарекувале „кукурузник“ („пченкарник“ – заб. прев.).
Поликарпов По-2 во воздух.
Archive photo4. По-2 бил ранлив, развивал брзина од само 150 километри на час и со еден резервоар можел да мине само 400 километри. Сепак, Советите успеале сите негови недостатоци да ги превртат во своја корист.
Поликарпов По-2
Archive photo5. За разлика од големите брзи авиони, овој двокрилец може да слетува на мали неподготвени аеродроми и да полетува од нив. Како писта можел да користи и обично поле. „Се спуштавме со авионите По-2 покрај командните места на тенковските бригади среде битките во близина на вооружените дејствија, претрчувавме помеѓу експлозии до командното место за да предадеме пратка, а потоа летавме среде огнените пукотници“, се сеќава Јаков Шејнкман, потпоручник на 994 Авијатички полк. Благодарение на ваквите можности По-2 стана незаменлив и за воспоставување контакт со партизанските одреди.
Борци внесуваат ранет во повеќенаменски авион У-2 и го испраќаат во заднинската болница. Точниот датум на оваа фотографија не е познат.
Леонид Великжањин/TASS6. По-2 е користен за пренесување пратки, за транспорт на товар и за извидување на теренот, па дури и за напад на непријателските авиони. Сепак, најмногу се има прославено додека служел како ноќен бомбардер. Благодарение на малата брзина можел да лета мошне ниско, ефикасно избегнувајќи ги крошните и куќите, и прецизно погодувајќи цели на земјата. Пилотот од овој авион можел во целосна темнина да забележи светлина од ламба или запалени цигари и да фрли бомби. Непријателските војници често поради овие советски бомбардери биле принудени студените руски ноќи да ги минат смрзнувајќи се, зашто не смееле да запалат оган.
Втор украински фронт. Авион У-2 се подготвува да летне.
Георгиј Липскеров/TASS
7. „Авионите По-2 не им даваа на Германците да спијат ноќе. Само го слушаш како долго бучи во мракот, потоа ќе одекне експлозија и повторно бучава. Понекогаш ќе го закачи зрак на рефлектор и тогаш целата германска одбрана отвора оган во тој правец, а тој и понатаму лета полека како маѓепсан“, напиша подоцна водникот на пешадијата Јуриј Кожин. „Нивните бомби беа необично прецизни. Еднаш на месечина се најдов на ничија земја и слушнав како мрзеливо бучи авионот По-2. Бомба експлодираше на 50 метри од мене. Најпрво помислив дека ги гаѓаат своите, а потоа сфатив дека пред мене се наоѓа германската положба“.
Авионот По-2
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru8. Една од најефикасните советски единици која леташе со авионите По-2 беше 46 гардиски ноќен авионски полк „Тамањ“. Неговите пилоти беа жени. Германците ги нарекуваа „Ноќни вештерки“. Тие имаат уништено 17 речни премини, 46 магацини за муниција, 86 бункери, 9 возови и 2 железнички станици. Полкот до крајот на војната изгуби 32 пилоти, а 23 негови припаднички се прогласени за Херои на Советскиот Сојуз.
Жени-пилоти на 46 гардиски авијатички полк.
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ruКако две советски девојки станаа ловечки асови во Втората светска војна
9. „Кралот на воздухот“ како што често беше нарекуван По-2, беше многу евтин за производство и едноставен за сервисирање. Направени се над 33.000 вакви летала, така што моделот По-2 беше еден од најтиражните авиони од тоа време. Неговото производство беше запрено во 1954 година кога епохата на млазни авиони веќе беше во полн ек.
Авионот У-2 бр. 7 ќе собори непријателска ПВО во ноќта наспроти 1.8.1943 година. Екипажот (пилотот Полунина Валентина Ивановна и навигаторот Каширина Глафира Алексеевна) ќе загине.
Евгениј Халдеј/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru10. Интересен е фактот дека По-2 е единствениот двокрилец во историјата кој има однесено победа над млазен авион. Кога во Корејската војна советските авиони открија еден пресретнувач F-94, американскиот авион се обидоа да извршат одзади напад и поради тоа мораше да ја намали брзината под 160 километри на час што заврши со негово запирање и пад.
По-2 во лет
Борис Вдовенко/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче