Пробива, пали, руши: универзалната ракета „Бронебојшчик“ во вооружување од следната година

Виталиј В. Кузмин
Ракетите со зголемена разорна моќ и дострел „Бронебојшчик“ ќе влезат во вооружувањето наредната година. Основните летечки платформи кои ќе ги користат овие ракети ќе бидат јуришниците Су-25, како и борбено-транспортните и ударните хеликоптери Ми-8, Ми-28Н, Ми-35 и Ка-52.

„Ние сме подготвени да започнеме со сериско производство на ракетата „Бронебојшчик“. Досега ја комплетиравме експерименталната серија ракети кои се доставени за тестирање во единиците. Се надеваме дека до крајот на оваа година сите прашања ќе бидат регулирани и дека наредната 2021 година ќе започнеме со нивно сериско производство“, рече за веб-порталот РИА „Новости“ директорот на производство на корпорацијата „Техмаш“, пренесува РГ. Притоа тој напомена дека сите фабрички испитувања на ракетата се завршени минатата година.

С-80ФП „Бронебојшчик“ се произведува во калибар 80 мм. Направена е со намера да ги замени старите ненаведувани ракети С-8. Како што можеше да се слушне од страна на нејзините производители, „Бронебојшчик“ според својата ефикасност за неколку пати ги надминува старите ракети. Кај неа е унапредена погонската секција која е наполнета со високоенергетски тип на гориво. Ова ѝ овозможува носење убоен товар со поголема маса, како и зголемување на ефективниот дострел до 6 илјади метри.

На саемот на оружје и воена техника „Армија-2019“ беше прикажана перспективната воздухопловна ракета за универзална намена С-8ДФМ-Т. Нејзината сложена боева глава се состои од кумулативна, фрагментарно-разорна и запалива компонента. Ова овозможува гарантирано уништување како на единечни, така и на групни цели распоредени на копно, но и на пловила кои се наоѓаат на површината на водата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња